Потребно време за читање: < 1 минута

59. За нов Устав на Македонија

Постојниот Устав на Македонија го напишаа неписмени „уставотворци“ и затоа досега претрпе толку многу промени.

На Македонија ѝ е неопходен нов Устав кој ќе го напишат домашни експерти (може да се ангажираат и странски-светски авторитети). Тоа не само ќе значи вистински почеток на сè одново (нужност)-нов највисок правен акт на државата кој ги воспоставува основните политички принцип, ги воспоставува моќта и одговорноста на владата, правата на народот и малцинствата односно на нацијата, туку ќе го затврди континуитетот на создавање модерна унитарна држава и модерно демократско општество. Кои ќе ги затврдат и бранат пред сè достоинството на животот и перспективата на заедништвото.

Тоа едновремено значи прецизирање на односите меѓу државните институции и јасно и строго разграничување на функционирањето  и односите меѓу извршната, законодавната и судската власт.

Нов устав на Македонија (дури и со старо-ново име на државата-на пример „обична“ инверзија-Македонска република) кој ќе ги содржи основните одлики на демократските устави-кодификацијата, правниот статус (тн. тврдост), поделбата на суверенитетот (унитарноста), поделбата на власта и одговорноста.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 14

Со донесувањето на нов Устав логично и последично ќе станат неважечки Рамковната спогодба, Преспанскиот договор меѓу Грција и „втората страна“ (се мисли на Македонија, но во него таа не било дозволено ни да се спомне), а неминово ќе мора да се „прилагоди“ и Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Се разбира, нов Устав како вистински почеток на сè одново, но и уште  многу друго ново „нешто“, наспоредно и последователно.