ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 28

Потребно време за читање: < 1 минута

28. Беља-Неола/НеволјаНесреќа

Најголеми бељи ни прават оние од кои само добро сме очекувале.

Неволите не доаѓаат сами, ама со нив многу повеќе од нив неочекувани, непредвидени.

Една несреќа носи друга, особено со нив оти не запираат по свое да си тераат.

Во секоја несреќа има макар зрно среќа што мора да излезе на виделина? Зависи од нејзиното траење и длабина. Колку повеќе трае и е подлабока, толку повеќе не излегува, не се пројавува, не надежува.

Од сите несреќи во животот најмалку боли онаа во која е среќата. И најчесто брзо се поразува, се надминува.

Белки брзо ќе се свестат, ако сакаат и натаму да бидеме со нив, да бидат со нас, да работат за нас. Ако не, ќе ги избркаме, засекогаш скраја од нив да бидеме. За други со кои ќе бидеме да знаат како да бидат со нас и само за нас да работат.