Потребно време за читање: < 1 минута

481. Воздржување

Не знам зошто долго се воздржуваш
да докажеш колку без мене не постоиш.

482. Ја има

Песнава што ја пеам за тебе
ја има во срце скаменето.

483. Во нечиј свет

Сигурно си во нечиј свет
каква што не си во мојов.

484. Од мене јас

Ти никогаш не си ни помислила
дека со тебе можам да бидам јас.

485. Ни како

Во нашата љубов ни како
меѓу два одмолчени збора.