178. Утеха
Македонски народни пословици и изреки
Веруањето дава утешение.
Во секоја несреќа малу или многу утеха.
Лагата је утешителна кога вистината је болна.
Сонот можи да биди утешение во несреќа.
Утешуаш чоек со ветуање што после не можиш да го исполниш.
Пословици и изреки од народи на светот
Во реалност без утеха. (Германска)
Кога плаче срцето за она што го изгубило, духот се смее за она што го нашол. (Суфистичка)
Не е утешно нужно живеење денес, особено кога не се знае како денес да се помине до крајот и до почетокот на утре. (Романска)
Со замин и крај. Без утеха и без мечти. (Германска)
Утеха за осудениот е тоа што е еден од многумина. (Италијанска)
Утешувањето со надеж се престорува во заблуда. (Руска)
Штом живите не радуваат, се бара утеха од мртви. (Француска)
Латински изреки
Да си невин е најголема утеха. (Culpa vacare maximum est solatium.)
Заедничка несреќа, утеха на сите.
И радост и утеха во науката. (Et gaudium et solatium in litteris.)
Надежта е последната утеха во бедата. (Spes est ultimum adversarum rerum solatium.)
Најдената убавина секогаш е утешно да се догледа.
Понекогаш е утешно човек да не се покажува пред луѓе.
Понекогаш туѓите несреќи се утеха за сопствените.
Утехата е во науките. (Gaudium in litteris est.)
Човечките уши се утешуваат со вести. (Aures hominum novitate laetantur.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Блазе си им на сиромашните со дух, зашто нивното царство е небеско; блазе си им на оние што плачат зашто ќе се утешат; блазе сим им на кротките зашто ќе наследат земја; блазе си им на гладните и жедните зашто ќе се наситат: блазе си им на милостивите зашто ќе бидат помилувани; блазе си им на оние што се со чисто срце зашто ќе го видат Бог; блазе си им на оние што градат мир зашто ќе се наречат синови Божји; блазе си им на прогонетите поради правдата зашто нивното царство е небеско.
Библија
Душата е мека, нежна, љубовна и љубезна. Душата е силна, сосредоточена и решителна во животот зашто е утешителна во очај.
Анонимус
Зборовите за утеха се повеќе за непознати, во болница, а не за роднини.
Анонимус
Има утеха во приказните кои не се менуваат, дури и тажните.
Анонимус
Научете да лажете што подобро за да можете што подобро да утешувате.
Анонимус
Не може спиењето сам во евтин хотел да биде некаква утешна награда.
Анонимус
Сите патиме од вистини, но се тешиме со лаги.
Анонимус
Утехата на жената ѝ е инстинктивна потреба.
Анонимус
Рекле, издумале
Ајде пак да се опиеме од светлина-таа има сила да утешува.
Жорж Сеурат
Ако вие страдате од тоа дека не ве разбираат, утешете се; многу повеќе би страдале ако ве разбираат.
Кларенс Дароу
Ако за некој беше полесно да страда од нашите страдања, барем ќе се утешевме со помислата дека се жртвуваме себеси во името на другите.
Гистав Флобер
Ако можете брилијантно да зборувате за некој проблем, може да се создаде утешителна илузија дека е надвладеан.
Стенли Кјубрик
Ако се обидам да опишам како е да си невербален во Светот на вербалното со еден единствен збор, би го избрал овој: агонија. А сепак, тоа е исто така точно: ако знаеме дека има дури еден човек кој разбира како е за нас, тоа е доволна утеха за да ни даде надеж.
Наоки Хигашида
Ако тој си заминеше, тогаш крај на сè. Немаше да има утеха, ниту топлина, ниту последен поглед кон онаа среќа што ја поседуваат другите луѓе. Ако тој си заминеше, нејзините мечти ќе беа мртви.
Барбара Делински
Ако утехата е некаква помош за некого, тоа е доволно. Верувам во верата на луѓето, каква било вера да имаат.
Студс Туркл
Ами ако спомените беа само спомени, без никаква утешителна или прогонувачка моќ? Дали воопшто би постоеле или отсекогаш емоционалниот притисок создавал слики од она што било потенцијално изживеано досега?
Едвард Сент Обин
Ах, мажи! Колку и да било проблематично нивното постоење, тие сè уште знаат како да се утешат во моментот на смртта.
Ју Хуа
Ах, храбро, мажествено срце, си ја задушуваш сопствената тага за да ги утешиш саканите!
Хариет Бичер Стоу
А сега ладната суштина ми ја одзеде последната утеха: способноста да изразувам среќа!
Михаил Јурјевич Лермонтов
Баба ми имаше обичај да повторува дека сонот како вода ги мие настаните од изминатиот ден,-кажувам зборови кои многу често ме утешуваа.-Дека сонот е најдобриот лек за речиси сите проблеми.
Шај Ерншо
Бев започнал со утешната констатација дека книгите се јазикот на божествената мудрост и бев завршил само со слабото претчувство дека сите книги се големи глупости, осудени засекогаш да бидат неразбрани.
Ричард Фланаган
Бев ограбен, а крадецот не остави ништо со кое да се утешам.
М.Л. Рио
Без жени, почетокот на нашиот живот ќе биде лишен од поддршка, средината од задоволства и крајот од утеха.
Николас Себастијан Шамфорт
Бескорисно е да се бара утеха повторувајќи: тоа не е мојот вистински живот, тоа е мечтата за мојот живот. Полесно нема да биде.
Филип Рот
Бившите наши јас никогаш не се мртви. Им зборуваме, расправајќи се против решенијата за кои знаеме дека ќе донесат само мизерија, предлагајќи им утеха и надеж, иако тие не слушаат.
Вилијам Кент Кругер
Блажени се ожалостените, зашто тие ќе се утешат.
Хариет Бичер Стоу
Бог вклучува постојана свесност за ограниченоста, врвна способност да се доживее тага, откажување од божествените квалитети за да станеш чисто давање, бескрајна љубов, избавување и утеха.
Алдо Капитини
Бог да одзема од нас и да нè сака во исто време, како што нè убедуваат утешители, е еден вид духовна ладнокрвност. Се чинеше феномен на животот како една смрт нè става во долгови кон оние што стојат до нас во беда и нè тешат.
Сузан Вриланд
Бог е она внатрешно присуство што нè тера да се восхитуваме на убавото и нè утешува оти не ја споделуваме среќата на нечестивите.
Ежен Делакроа
Боли да го пренаредиш сето она што мислиш дека го знаеш. Лагите се утешителни. Вистината е болна.
Ребека Јарос
Болката секако ме утеши. Тоа значеше дека сум уште жив. И додека сум жив, надежта е жива.
Лејла Атар
Брат ми не е човек со строги правила и мене ми е мошне драго поради тоа: таквите луѓе се голема утеха во тешки времиња.
Сју Таунсенд
Вакви средби ми ја открија вистината раководена од малкумина: уметноста служи како утеха предимно за пропаднати творци.
Еуџенио Монтале
Веднаш штом изговорам зборови за утеха, сфаќам дека е премалку. И веќе е доцна. Три минути не можат да надоместат три изгубени години.
Карен Мекманус
Верувам дека уметноста не треба да утешува; за утеха имаме масовна забава и еден со друг. Уметноста треба да провоцира, беспокојува, да ги буди нашите емоции, да ги шири нашите симпатии во правци што може да не ги очекуваме и дури да не ги посакуваме.
Џојс Оутс
Виното е како жените. Тоа ве искушува; ве утешува; ве збунува и дури може да ве активира кога најмалку го очекувате. Може да биде ваш пријател еден ден, а ваш непријател следниот.
Алтон Браун
Вистината боли само ако се тешиш со лаги.
Џес Волтер
Вистината не постои за да утеши некого, како парче леб и слатко што му се дава на расплакано дете.
Гистав Флобер
Вистинската утеха е што историјата на светот содржи толку многу мака, што моите мали таги се отстранети и се само пепел на границите на огнот. Го кажувам ова одново затоа што сакам да е вистина.
Себастијан Бери
Вистински се сакаат само оние кои сакаат дури и во своите слабости и во нивните несреќи. Поштедете се, простете, утешете-тоа е целата наука за љубовта.
Анатол Франс
Вложете добра енергија во универзумот и вратете ја. Глупаво, но сепак утешно.
Хана Грејс
Во општество во кое индивидуализмот станува сè пораспространет, луѓето сè повеќе веруваат дека се центарот на светот. Таквиот систем на верување го прави индивидуалниот неуспех речиси неутешен.
Мартин Селигман
Во реалниот свет луѓето се утешуваат со незнаење, политика и вера.
Секвоја Нагаматсу
Во свет исполнет со неизвесност наоѓаме утеха во вечната вистина дека смртта на крајот ќе дојде кај секој од нас.
Том Шарп
Во сите таги и тешкотии, нужно ќе има некаков утешителен момент, можеби мал и само еден, но каков!.. Со еден збор, треба да го цените тоа што го имате!
Јоана Хмелевска
Во случај на неуспех, лекарите често се тешат кога велат дека е лесно да бидеш мудар со последен број.
Хенри Марш
Во текот на целиот живот човек треба да ги утешува настраданите, но навистина треба да ги тагува и утешните, а особено кога тие утешни, задоволни, дури и среќни грешат.
Џон Кенет Галбрајт
Во човечкото незнаење е многу поутешително да го сметаш за глупост сето она што не го знаеш.
Денис Фонвизин
Впрочем, каква е утехата во овие пусти „ако“?
Иван Ефремов
Времето ја разоткрива тагата како плетенка, колку и да е долга. Безгранична и неутешна е само тагата на родителите кои изгубиле дете.
Валери Перен
Всушност, луѓето не сакаат целосно исцелување. Тие сакаат само утеха; лечењето е голема болка.
Ентони де Мело
Всушност, не можеме да го доживееме поголемиот дел од нашите животи. Се трошиме во една распространета летаргија која, за наша сопствена измама и утеха, ја нарекуваме постоење. Во останатото продолжуваме како светулки, осветлени само за кратки прекини.
Мија Коту
Глупаци, тие не разбираат дека нашиот свет е најлошото место. Така што Бог им ветил рај на оние што страдаат за утеха.
Ека Курнијаван
Говорењето за иднината не е утеха кога срцето и душата се измачени од сегашноста.
Ирса Сигурдардотир
Големата утеха во сите мои неволји се состои во тоа што никакви непријатели немаат моќ да ми ја одземат совеста, а јас никогаш не би станал таков непријател на себеси за да ѝ нанесам штета.
Хенри Филдинг
Големите срца можат да се направат само од големи проблеми. Лопатата на непријатностите го копа резервоарот на утехата подлабоко и прави повеќе простор за утеха.
Чарлс Х. Спарџон
Горчината, алкохолот и депресијата се отстранети од овие фантомски инкарнации и тие ме тешат и штитат во смртта како никогаш во животот. Почнав да мислам дека тоа е рајот-место во паметта на другите каде што го живееме најдоброто од нас.
Кристина Бејкер Клајн
Да бидеш мој пријател значеше не само да ме утешиш во мојата тага, туку и да се справувам со ниво на гнев што никогаш порано не сум го доживеал и се борев да го контролирам. Мојот гнев ме исплаши-и ме натера да имам уште поголема потреба од утехата на моите пријатели.
Шерил Сандберг
Да го утешуваш твоето дете е различно од разгалувањето; му дава на детето чувство на сигурност.
Трејси Хог
Да живееш за себеси е застрашувачка перспектива; има утеха во мачеништвото.
Мелани Бенџамин
Да, имаше денови кога го обземаше очај, кога се препушташе на мрачни мисли и не наоѓаше утеха во ништо. Во сите такви случаи тој дејствуваше на единствен начин-се трудеше што побрзо да го заврши незавршениот ден. Но не и животот.
Мартин Зутер
Далеку од дома, ништо не утешува така како книга, нели?
Корнелија Функе
Дали е премалку наоѓањето утеха во љубовта?
Тенеси Вилијамс
Да се најде виновен. Тоа е омилената утеха при катастрофа.
Карел Чапек
Да утешува е инстинктивна потреба на жената.
Луј-Фердинанд Селин
Дејствувањето е утеха. Тоа е непријател на мислите и пријател на илузиите.
Џозеф Конрад
Денес хипотезата за Бог престана да биде научно поткрепена, ја изгуби својата објаснувачка вредност и се претвора во интелектуално и морално бреме за нашата мисла. Тоа веќе не убедува и не утешува, а неговото напуштање често носи длабоко чувство на олеснување.
Џулијан Хаксли
Детето доено со отров наоѓа утеха во злото.
Џилијан Флин
Децата се неверојатен извор на утеха.
Џоџо Мојс
Дланка до дланка, две самотни половини најдоа утеха заедно.
Хелен Хоан
Добрата слика за мене секогаш била како пријател. Ми прави друштво, утешува и вдахновува.
Хеди Ламар
Добрите книги служат за утеха за сè, но не можат да заменат ништо.
Етјен Реј
Добродетели, утешувачки, целејќи и дарувајќи блаженство, лежат пред нозете на човек како цвеќиња.
Вилијам Вордсворт
Домот може да биде многу нешта. Може да биде едновредмено утеха и болка. Може да те избрка некое време, но потоа да посака да се вратиш.
Уајки Уанг
Дури во несреќата може да има утеха-само ако е вистинска несреќа.
Џонатан Франзен
Дури и затворот станува утешителен ако е тоа единственото нешто што го познаваш.
Рајли Сејгер
Духот е слаба утеха за слаби луѓе.
Иван Вирипаев
Е да, си го добил облогот, па јас треба да добијам чоколадо како утешна награда.
Астрид Линдгрен
Еден мој пријател физичар еднаш рече дека исправен пред смртта, тој се тешел себеси со размислување дека никогаш повеќе нема да мора да го бара зборот „херменевтика“ во речникот.
Стивен Вајнберг
Единствена утеха-сè во овој живот минува. Станете повозрасни. А новите, пријатни искуства постепено ги истиснуваат старите… помалку пријатни.
Јохан Теорин
Единствената утешна мисла е дека ние не знаеме зошто доаѓаме на овој свет и зошто заминуваме.
Џо Витал
Единственото нешто што може да го утеши и забавува срцето на човек е срцето на друг човек.
Андреј Платонов
Една од утехите на филозофијата е дека придобивката од покажувањето како да се ослободиме од концепцијата не зависи од тоа да се ослободиме од неа.
Вилард ван Орман Квин
Едно нешто ме утешува-никому на овој свет не му е грижа за мене. И затоа немам од што да се срамам.
Ентони Хоровиц
Едно одамна воспоставено занимање може да ги формира самите основи на моралниот живот, така што уметноста со која човекот го утешил својот труд може да биде спасението за неговиот несигурен темперамент.
Џејн Адамс
Ете како треба да звучи молитвата. Утеха нераскинливо поврзана со надежта и очекувањето.
Џули Пауел
Жената може да биде утешител, но не и воспитувач.
Јулијан Семјонов
Жените се такви. Пред очи ви умираат од мака, потоа одат во женската тоалета и се враќаат оттаму како филмски ѕвезди. А мажите? Е, тие не знаат да тагуваат, освен со гајба пиво и чаша виски за утеха.
Кен Бруен
Живеев сто години; и умирам со утехата дека никогаш не сум фрлил најмал потсмев на најмалата добродетел.
Бернар де Фонтенел
Живеевте како молскавица, мигновено светнати и избледени. И молскавица го погоди небото. И небото е вечно. И тоа е мојата утеха.
Чингиз Ајтматов
Живите имаат потреба од тебе повеќе отколку од мртвите. И тие се потешки за утеха.
Кетрин Арден
Живото суштество, додека тоа живее, било да е човек или животно, бара за себе некаква утеха.
Фазил Искандер
Животот е мака, но сепак ние го живееме. Сите се придржуваме на него, сите бараме некаква утеха во него.
Хања Јанагихара
За верникот е утеха дека сè е можно.
Самуел Радерфорд
За вљубениот пријателството е како утешна награда за губитник.
Валерија Вербинина
За да се утешам и наградам, почнав да барам секакви празнини меѓу овие среќни луѓе кои минуваа покрај мене.
Кнут Хамсун
За децата е длабока утеха да откријат дека нивните чувства се нормален дел од човечкото искуство. Нема подобар начин да се пренесе тоа, отколку да се разберат.
Хаим Г. Џинот
За мене секако нема утешителна точка; победен сум, но сум победен како војник кој паднал на земја по борба гради в гради со непријателот и го испукал последниот куршум.
Решат Нури
За обичните луѓе е многу полесно, верата ги теши. И ако не можете да се заблудите, дали го гледате животот таков, каков што е?
Мануел Пуиг
Запомнете дека Вселената никогаш нема да ви даде нешто со што не можете да се справите. Без оглед колку тешка може да изгледа вашата универзална задача, можете да најдете утеха во фактот дека Вселената секогаш го поддржува она што е од највисокото добро.
Габриел Бернштајн
Зарем не е сурово да им се одземе на луѓето утехата на верата, кога не е во силата на науката да го утеши нивното страдање.
Карл Саган
За скептиците останува само една утеха: ако треба да има такво нешто како натчовечки закон, тој се спроведува со нечовечка неефикасност.
Ерик Амблер
Затоa што најголемата радост и утеха на мажот е среќен дом каде што тој може да ја затвори вратата по работните денови и да најде спокој и утеха покрај каминот, уживајќи во љубовното внимание на благословената сопруга.
Дебора Могак
Зборовите за утеха, како и чинот на љубов, постепено се претвораат во шаблон.
Греам Грин
Зборовите се слаба утеха во планината. Но, што уште имаме на располагање?
Петер Хог
Знаењето дека имаш избор е раскош. Знаејќи дека ти го дадов, тоа е мојата утеха.
Џоџо Мојс
Знајте ја оваа длабока и утешителна вистина: дека нашето вечно духовно Јас е пореално од сè што воспримаме во оваа физичка област и има божествена врска со бескрајната љубов на Создателот.
Ибен Александар
Зошто да плачеш, ако никој нема да те утеши?
Касандра Клер
Зрак светлина што продира во темна темница или беден цвет расцутен меѓу камења крај разрушена стена, не ли се признаци на живот кои му носат надеж и утеха на човек?
Решат Нури
И вистина е дека повеќето смртни случаи не можат да бидат примирени, особено ако умрат деца или луѓе што ги сакате. Оваа тага е неутешна, нè тера да си спомниме на сопствената судбина. Кого и да го погребеш, на некој начин се погребуваш себеси.
Жан-Клод Мурлева
И зaпочнав да пишувам за да се утешам во мојата самотија и да го олеснам текот на времето.
Пол Теру
И музиката и книгите имаат за цел да им служат на луѓето, за да може човек да си најде утеха и вдахновение.
Сосуке Нацукава
И никогаш нема да има некој што ќе ме утеши, освен мене самиот.
Гијом Аполинер
И таа мисла ме утеши, како и сега: сè што верувате дека сте си замислиле е реално. Само треба да го надживеете.
Џојс Оутс
И утешително е и разочарувачко да научиш дека најважниот човек во твојот живот може да е некој кого сè уште не си го сретнал.
Чендлер Бејкер
Идејата дека можеби ќе ме бараат, имајќи време да резонувам за желбата или интересот навистина да ме најдат, ме возбудува и ми ја утешува самотијата што ја доживувам.
Алберто Бевилакуа
Идејата дека мојот мозок може да се отплетка, исправен и на тој начин преобразен во состојба на мир и здравум разум, беше утешна фантазија.
Отеса Мошфег
Идејата дека треба да живееме денес не нè утеши. Веднаш се постави прашањето: како да го поминам овој ден?
Пол Каланити
Изгледа дека луѓето го поминуваат поголемиот дел од својот живот верувајќи дека умираат, а единствената утеха е тоа што во одреден момент тие се во право.
Едвард Сент Обин
Измамата е татко на утехата.
Џорџ Бајрон
Има благородни тонови, едноставни, спокојни хармонии, утешни, други кои возбудуваат со својата моќ.
Пол Гоген
Имало едно време на семејство на келтски жени со исцелителни раце и дарувачки срца кои ја знаеле вредноста на земјата и го користеле нејзиното изобилство за да лекуваат, да смируваат, да утешуваат.
Хедер Вебер
Има извесна утеха во оваа учтивост, во трајна смисла дека луѓето треба да ги преземат радостите каде што можат, да ги преземаат одговорностите што ги презеле сами.
Шанел Клијтон
Има луѓе кои се спремни да поверуваат во неверојатното затоа што го сметаат за поутешно отколку да се соочат со реалноста.
Хулија Наваро
Има мажи кои треба да се тешат. Значително поретко се среќавааат такви кои можат да те заштитат и утешат.
Кир Буличов
Имаше малцинство меѓу човечката раса, како и секогаш, кое наоѓаше утеха во размената на личната слобода на умот и телото за олеснување на држењето до посилна безбедност, отколку што беа во состојба да создадат во себеси.
Гордон Диксон
Има моменти кога утеха може да се најде само во женска смеа, во познато лице и во глас на пријателот, во споделување озборувања еден на друг, дури и во нешто сосем едноставно-чинија супа од грашок изедена на маса со други. луѓе.
Гај Гавриел Кај
Има некаква утеха во рутината.
Маргарет Атвуд
Има неутешни вдовици, а има и такви кои секој маж со задоволство ќе ги утеши.
Артуро Перез-Реверте
Има обиди за утешување кои само ја влошуваат болката од загубата.
Амели Нотомб
Има премногу начини рационално да се објасни смртта на сакан човек. Многу од нив звучат добро, но никој ја нема силата и убедувањето да ве утеши.
Џонатан Керол
Има утехи кои најсилната човечка љубов е немоќна да ги даде.
Ричард Пауерс
Имаше нешто во бескрајната пространост на морето и небото што обично ми даваше утеха, потсетувајќи ме дека во огромното пространство на Вселената моите проблеми, колку и да се болни, се многу, многу мали.
Дајан Чембрлен
Инвестирањето и штедењето пари за старост не е избор, туку витална неопходност. Не се утешувајте со мислата дека некој ќе се грижи за вас откако ќе се пензионирате.
Лоис Франкел
Интересно, според современите астрономи, пространството е ограничено. Тоа е многу утешна мисла-особено за луѓе кои никогаш не можат да се сетат каде ги оставиле нештата.
Вуди Ален
Информација. Мојата страст, моето оружје и заштита, мојата утеха.
Тимоти Зан
Историјата не го заслужува името историја, ако додека ја читаме ние не се восхитуваме; туку сме огорчени, се натажуваме, се утешуваме.
Жозеф-Ернест Ренан
Јас бев твојата тајна, а ти моја, и нас заедно нè теши мислата дека тајната е наш дом.
Леонард Коен
Јас, јас сум писателот, курвата, туѓата и слободната жена. Јас не сум „доброто“ кое човек го поседува и изложува, што утешува. Не знам како да утешам.
Ени Ерно
Јас плачам затоа што сакам да плачам, а главната работа е не за тоа да ме тешат.
Хулио Кортасар
Јас сакам да добивам сè сам, а тоа што ми го направија ми подарија само утешна награда за пораз.
Фреди Меркјури
Јас сум непријател на какви било чуда и не верувам дека луѓето можат да воскреснат. Но, им завидувам-за нив има утеха.
Виталиј Гинзбург
Јас сум стар, а старите луѓе, без разлика пред какви искушенија се исправени, се обидуваат да се понижат, тешејќи се со мислата дека не се само тие.
Мурасаки Шикибу
Како цело, одмаздата не е добра, но понекогаш таа утешува.
Мишел Мерсие
Каков живот: сакаш едно, а добиваш сосем друго…Единствена утеха: сите живеат вака. Никој наоколу не е целосно среќен.
Викторија Токарева
Книгите ѝ беа утеха кога беше тажна, нејзини пријатели кога беше осамена. Тие ѝ го опоравуваа срцето кога беше скршено и ја охрабруваа да се надева кога беше опуштена.
Џени Колган
Книгите ме чекаат во мојата соба. Тоа е единствената утеха.
Сабахатин Али
Кога е неопходна утеха, јас искрено претпочитам да негодувам наместо да се молам.
Бен Елтон
Кога започнуваме да очајуваме од секаква вера, какви утехи можат да станат зза нас можноста да следиме мудрец и неговиот пат и да видиме дека тој е само човек, слаб и несовршен.
Херман Хесе
Кога имаш тага, бараш утеха, а за да добие утеха, треба да ја искажеш својата тага.
Ханс Фалада
Кога кај тебе не останува ништо освен спомен или, на крајот на краиштата, имаш причина да мислиш така, нужно е да умееш да најдеш во тоа утеха.
Артур Хејли
Кога ме напаѓа очај, кога се чувствувам осамен и запоставен, се тешам во молчаливото присуство на другите луѓе кои многу страдале и кои успеале да преживеат.
Стивен Калахан
Кога младоста ви се восхитува, иако сте го виделе ќорсокакот во кој води младоста, тоа може донекаде да утешува, но не е доволно за да заборавите.
Јун Ли
Кога молчењето е живо суштество, тоа може да биде пријател, понекогаш дури утеха.
Дот Хачисон
Кога нешто не можеме да добиеме, се тешиме со успокојувачката мисла дека не вреди толку, колку што сме верувале.
Макс Шелер
Кога осумнаесетгодишно девојче утешува педесетгодишен, значи светот се превртел наопаку.
Џени Даунам
Кога реалноста го угнетуваше човечкиот дух, луѓето секогаш се обидуваа да најдат утеха во митовите.
Артур Кларк
Кога си сиромашен, кај тебе на крајот на краиштата има една утеха-ти имаш за што да мечтаеш.
Луси Мод Монтгомери
Кога ти си без пари и мечтаеш за богатство, мисли дека би го делел. Кога парите ќе ти дојдат на глава, ти решаваш да ги држиш сите при себеси. И тоа е една од најголемите маки. Тогаш единствена утеха е музиката.
Роџер Вотерс
Кога толку многу нешта биле искоренети-толку многу нешта се изгубени-човек треба да бара утеха во ритуалите. Дури и тажните.
Барбара Дејвис
Кога човек е разочаран и врз него паѓаат толку многу неволји, а тој сè уште не паднал со духот, неговата филозофија или чувство за хумор го утешуваат.
Чарли Чаплин
Кога човек многу страда, за утеха му служи целесообразноста на тие причини поради кои страда.
Алексеј Николаевич Толстој
Кога човек плаче, тоа сепак не значи дека веднаш треба да го утешуваш. Плачењето е интимно дејствие.
Кир Буличов
Кој ја опишува сопствената болка, иако и да плаче притоа, на пат е да се утеши.
Уго Ојети
Колку голема утеха може да биде жена која се покорува беспоговорно.
Ентони Тролоп
Колку е утешно радосен оптимизмот на идиотот.
Ијан Бенкс
Комедијата е едноставно друга форма на утеха.
Џон Ирвинг
Кучињата без зборови умеат да ги утешуваат луѓето. Тие ја знаат и прифаќаат тешката животна вистина која луѓето се трудат да не ја забележуваат дотогаш, додека таа грозна вистина е облечена во зборови.
Дин Реј Кунц
Лагите се лоша утеха. Особено кога вистината е веќе отпечатена во умот.
Џули Бери
Лажливите надежи не носат ништо, освен лажливи утехи.
Џин Бруер
Луѓето кои се победени во голема несреќа и најмалото приклучение може да ги растрои и да ги утеши.
Василиј Головнин
Луѓето обично се тешат со она што е видливо, а не со она што навистина постои.
Николо Макијавели
Луѓето се неутешни кога ги лажат непријателите или ги изневеруваат пријателите, но тие многу често уживаат да бидат измамени или изневерени од самите себе.
Франсоа Ла Рошфуко
Луѓето се раѓаат во маки, живеат без надеж, а нивните болести се неизлечиви. Колку повеќе живеат во светот, толку повеќе го добиваат. Само смртта е способна да ги утеши.
Роберт Бартон
Луѓето се склони да се утешуваат во мака.
Михаил Герчик
Љубезните зборови оставаат прекрасен отпечаток во душите на луѓето. Тие го омекнуваат, утешуваат и лекуваат срцето на оној што ги слуша.
Блез Паскал
Љубов, утеха може да се даде, но не и да се бара.
Џон Максвел Куци
Љубовта не е утеха, туку светлина.
Симон Вејл
Љубовта спрема природата се јавува како утеха против неуспех.
Берта Мориц
Ме боли вистината. Не ме утешувајте со лага.
Ријана
Медицината е најутешителната од сите науки.
Борис Акунин
Меѓу сочувството и утехата лежи океан од солзи.
Мина Антрим
Мечтата за хероизам е утеха на несреќните луѓе.
Орхан Памук
Меѓутоа, благосостојбата на човечката раса не може да служи како утеха за одделна личност.
Гистав Флобер
Ми доаѓа на ум еден збор што го прочитав: солсталгија, бедна плетенка од утеха, пустош и носталгија.
Лиза Ангер
Минатото е свеќа на големо растојание: премногу блиску за да ви дозволи да се откажете, премногу далеку за да ве утеши.
Ејми Блум
Минатото ни дава изненадување, а не утеха.
Даниил Гранин
Мислата на самоубиство е голема утеха: со неа се преживуваат многу тешки ноќи.
Фридрих Вилхелм Ниче
Мислата секогаш утешува и лекува сè. Ако понекогаш таа те боли, замоли ја за лек за таа болка и таа ќе ти го даде.
Николас Себастијан Шамфорт
Можно е некогаш во далечна иднина луѓето да се вразумат и да разберат дека треба да бараат утеха и поддршка во сопствената душа.
Сомерсет Мом
Моќта на симболите над нашиот живот е очигледна. Знаме, химна или збор се способни да предизвикаат патриотски чувства. Добриот збор утешува и радува. Навредата води до бес. Но, страшната приказна плаши.
Хозе Антонио Марина
Многу е утешно да се верува дека лидерите кои прават ужасни работи се всушност луди. На тој начин сè што треба да направиме е да се увериме дека не поставуваме психопати на високи позиции и ќе го решиме проблемот.
Том Волф
Можеби во животот на секоја жена иде момент во кој ќе чувствува дека се дави и единствена утеха за неа е сознанието дека во смртта може да има и убавина и достоинство.
Еви Данмор
Можеби тоа е единствената утеха што можеме да ја најдеме сега, во сознанието дека не сме сами во нашата болка и страдање.
Фиона Валпи
Може да ве утеши ако знаете дека вашата смрт, макар и неверојатно насилна, веројатно ќе биде милостиво брза.
Ејми Кауфман
Може да добиете голема утеха од фактот дека внатрешното страдање во името на вистината изобилно докажува дека човек го сака и го разликува како еден од избраните.
Жозеф-Ернест Ренан
Можете да се утешите во самотија, но заедно се покажува многу подобро: додека утешувате некого, вашата болка исто така поминува.
Силвана де Мари
Молам, верувајте на сè што сметате дека е најутешително.
Тамсин Муир
Моментите на осаменост создаваат пространства за размислување, каде што можеме да ја отплеткаме сложеноста на нашите мисли и да бараме утеха во сопственото друштво. Да ја прифатиме самотијата и да го потхрануваме нашето внатрешно јас.
Нејтан Пајл
Мртвите се мртви и за нив не е важно дали ги почитувам нивните дела. Но за нас, живите, тоа нешто значи. Паметењето не е корисно за запомнатите, туку само за оние кои си спомнуваат. Ние се градиме со паметење и се тешиме со шаметење.
Лоран Бине
Музиката е надежна утеха.
Рејчел Хартман
Музиката е најдобрата утеха за ожалостен човек.
Мартин Лутер
Музиката може да ги утеши особено луѓето со чувствителна душа, кои сè уште не научиле да чувствуваат, да искусат сочувство, да доживуваат без да станат циници.
Енио Мориконе
Навистина имаше сè, дури и пари; а оние кои немаа ништо, дури ни пари, се тешеа со истрошената вистина „со пари не се купува среќа“ и внимателно гледаа што е лошото и каде.
Хенри Лион Олди
Навистина ли мислите дека кога ноќе лежите сам во кревет, помислата дека половина свет ве сака може да ве утеши? Половина свет е ништо.
Брижит Бардо
Надежта е голем утешител.
Џејмс Фенимор Купер
Надежта е лага со која се тешиме во мисли за иднината.
Брент Викс
Надежта е наш постојан ласкавец, па затоа утешно се расправа со аргументите на умот.
Едвард Булвер-Литон
Најголемата утеха во животот е да го кажеш она што го мислиш.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Најголемата утеха на земјата за неизлечиво болниот човек е хомеопатијата.
Џејмс Тејлор Кент
Најголемиот грев што човек може да го направи е да не ги сака своите деца. Не ги сакајте вашите деца! Да раѓаат деца за да ги измачуваат. Да ги повредуваат, а не да ги утешува кога се чувствуваат лошо.
Микаел Ниеми
Најдете ја љубовта затоа што љубовта во скршен свет ќе ве утеши. Продолжете да се надевате; таа ќе ве поддржи. Имајте вера затоа што на крајот на краиштата тоа ќе ве спаси.
Патрик Карма
Најдобро средство за неутешна тага е филозофијата.
Едуардо Мендоса Гарига
На крајот на краиштата, тоа е чудовино: да се смееш кога треба да плачеш, да ги утешуваш другите кога се растураш на делови.
Борис Полевој
Наместо да се истоштуваме обидувајќи се да го прекроиме светот така што да одговара на нашите мечти, подобро е да ја искористуваме нашата сила за да се утешуваме еден со друг во свет кој речиси сигурно ќе ги исмее нашите мечти и ќе ни ги скрши срцата.
Харолд Кушнер
Натерајте една жена да ѝ се препушти на својата гордост, а не на вашата. Вашата самодоверба и онака е секогаш неутешна.
Алексеј Иванов
Невозможно е да се најде утеха во вчерашната слика на себеси.
Џулија Камерон
Невозможно е да се утешат срцата на луѓето со Божјата љубов кога нивните нозе умираат од студ.
Вилијам Бут
Независно од тоа имам ли почит кон луѓето кои веруваат во задгробниот живот? Да, се разбира. Би можел да додадам: можеби дури и навестување на завист, заради утехата.
Стадс Теркел
Некаде прочитав дека судбината не е слепа, туку игнорантна. Судбината, си помислив, е утеха на оние кои не се запознаени со статистиката и теоријата на веројатноста.
Орхан Памук
Некаква утеха е да разбереш дека смртта ќе биде брза и безболна!
Стефани Мајер
Некои луѓе се спремни да поверуваат во неверојатното затоа што го сметаат за поутешно отколку да се соочат со реалноста.
Хулија Наваро
Некои може да најдат утеха во размислувањето дека разликата меѓу елиминативниот и експликативниот физикализам е нереална.
Вилард ван Орман Квин
Некоја ситница може да нè растажи, исто така и да ни донесе утеха.
Блез Паскал
Нема поубава утеха за старецот од тоа да ја види моќта на својата младост олицетворена во работа која не старее како него.
Артур Шопенхауер
Немаше вистинска утеха да остане сама со мислите, своите спомени, но некако илузијата за слобода го намали нејзиниот очај
Октавија Е. Батлер
Немаше што да кажам повеќе, така што тоа не го сторив. Тоа е нешто за утеха-речиси поважно да знаеш кога да не зборуваш.
Крег Џонсон
Нему му беше доволно само да знае дека таа постои, дури и далеку од него, дури одвоено од него, и тоа го утешуваше.
Ана Гавалда
Неодамна успеав да го видам новиот свет-тишината, спокојството и слободата што ќе ја донесе со себеси. Тоа е многу утешно знаење за мене, бидејќи веќе знам дека она што го замислувам на крајот на краиштата станува реалност.
Шари Арисон
Неопходно е само да доживеете тешка тага, речиси е неопходно да умрете. И тука доаѓа раѓањето. Неизвесните сили испраќаат утеха и голема радост.
Михаил Пришвин
Несреќата на другите понекогаш носи утеха.
Ромен Гари
Нетрпеливоста е порок на младоста…А сонот е утеха на староста.
Вилбур Смит
Не го видов ужасот во очите на моите блиски, не ја забележав нивната болка, не помислив дека можеби тие и сами бараат утеха.
Вејд Ратнер
Не е нужно да плачеш за да бидеш утешен. Секоја болка што не води до раскинување е залудна болка.
Симоне Веил
Не знаеше ништо друго да прави, како да ја утеши, па само ја држеше, ја држеше единствениот човек на светот кој некогаш плачел за него.
Налини Синг
Не знам како да го утешам во страдањето. Не знам какви зборови да му кажам, каков израз на лицето да направам. Тоа не го пишува во книгите.
Накаба Сузуки
Не знам ништо за политика, но можам да ја читам мојата Библија и таму гледам дека треба да ги нахранам гладните, да ги облечам голите и да ги утешам напуштените; и оваа Библија сакам да ја следам.
Хариет Бичер Стоу
Не можете да ги клеветите мртвите, мислам, можете само да ги утешите.
Ен Енрајт
Не можеш да утешиш човек ако реалноста не дава за тоа никаква причина.
Лоренс Дарел
Не очекувајте утеха од свет премногу суетен за убавината и премногу практичен за мечти.
Хауард Лавкрафт
Не, се чини дека светот на нештата не може да подари утеха.
Мајкл Канингем
Не сум изрекла ниту една од оние стандардни фрази со кои сме навикнале да ја утешуваме тагата на луѓето. Зборовите не помагаат, тие попрво иритираат.
Карен Мари Монинг
Нема ништо толку утешно во депресијата како да посетиш депресивен пријател.
Дејвид Фоенкинос
Ние ги убивме нашите души со утеха, наместо да бараме исполнување и достигнување.
Дин Карнасис
Ние исто така знаеме колку е често сурова вистината и се чудиме дали заблудата не е поутешителна.
Анри Поенкаре
Ние можеме да му изразиме на човек сочувство и да се погрижиме да го утешиме, но разделувајќи се со него ние ја оставаме неговата мака настрана и продолжуваме напред во својот живот…Болката не може да се раздели со никого.
Ерланд Лу
Ние сме благо речено во бркотница и има голема веројатност да се истребиме до крајот на векот. Наша единствена утеха ќе биде што како вид сме имале возбудлив мандат.
Дезмонд Морис
Ние сме ѕверови и тоа е нашата утеха.
Џојс Оутс
Ние сме сами, секој со себеси и со својата сопствена смрт и со својот осамен и погубен живот, сите сме многу сами. Но ќе ви кажам нешто што може да ве утеши. Осаменоста е афродизијак на духот, како што е разговорот на интелигенцијата.
Енрике Виља-Матас
Никогаш не сум се обраќал кон религијата поради утеха-имам генетска предиспозиција кон верата.
Џули Пауел
Никогаш не треба да очајувате бидејќи утехата ни доаѓа во секакви околности.
Оливер Голдсмит
Никој не знае што да каже по утешителни зборови. Смртта и тагата ги плашат другите затоа што никој не може да ги поднесе.
Џесика Парк
Никој не може да одрече, но религијата е утеха за страдалниците, срдечна за болните и понекогаш ограничување на нечестивите; затоа секој што би го оспорил или се потсмевал на тоа, без да даде некаков еквивалент за тоа, треба да биде третиран како заеднички непријател.
Мери Монтегју
Никој не се утешува со салата.
Сара Нович
Ништо не ги теши малите луѓе како слабостите на големите луѓе.
Филип Бувар
Но ако умрам, ќе погледнам во небото за последен пат, моја утеха, и ќе се насмеам.
Милош Црњански
Но, додека ја полнам устата со молитви, тие не носат утеха. Моите зборови штракаат едни против други како последните букови лисја на зимска гранка, и иако силен ветер ја зафаќа шумата не може да ги ослободи од гранките; нема да ги подигне на широкото бело небо.
Џералдин Брукс
Но, дрвјата не се интересираат за доброто и злото, инсектите и корените на растенијата не се интересисраат за причините на човекот, а уште помалку за неговиот копнеж, и има нешто утешно во тоа.
Андрес Барба
Но, можеби тоа беа само извинувања, нешто што го кажав за да се утешам. Затоа што е така, ги прикриваме нашите грешки и неуспеси, измислуваме приказни кои се ставаат во поповолно светло. Самоизмамата е можеби најчовечкото од сите нешта.
Карл Уве Кнаусгор
Но, тажните луѓе се егоисти. Тие нема да ви дозволат да ги утешите и кажуваат дека не разбирате и ве тераат да се чувствувате бесполезни кога цел живот сте биле функционални за нив.
Мелина Маркета
Ноќта е прекрасна кога сте среќни, утешна кога сте во неволја, ужасна-кога сте само несреќни.
Луси Мод Монтгомери
Нужна е храброст за да најдеш утеха во малите нешта, своеволие-да ги спречиш да завладеат со твојот живот.
Јун Ли
О, и наоѓањето среќа во малите нешта, драга моја, тоа навистина не е ништо за фалење-тоа е последната утеха за оние чии фантазии им пропаднале.
Олга Грушина
О, можете ли да си спомните на сите добри намери кои се претворија во несреќи, на сите дејствија што доведоа до сосема спротивниот резултат: утеха што одекнуваше во болка, награда потешка од казната, молитва што прозвуче како проклетство?
Ларс Сааби Кристенсен
Обидете се да сфатите дека неуспехот е ваш пријател. Дури и да сте разочарани што не сте ја постигнале целта, секогаш ќе добивате утешна награда. Кога ќе пропаднеш, стануваш поумен.
Стив Павлина
Облеката на мажот, како и неговата душа, е единствена и неповторлива, а жената е невин ангел, а не плод за гревовна утеха.
Џани Версаче
Огромноста на вселената нè смирува, потсетувајќи нè за нашата безначајност во големата шема на нештата. Да најдеме утеха во нашиот споделен мал дел и да создадеме смисла во нашите сопствени орбити.
Ангус Дитон
Одговорите се како опиум, колку повеќе ги голташ, толку повеќе ти требаат. Ете зошто трезвениот човек утеха наоѓа во таинственоста.
Ричард Скот Бекер
Оние кои успеваат, биле во еден или друг момент од животот подготвени да се стават во ситуации кои се непријатни, додека неуспешните бараат утеха во сите свои решенија.
Грант Кардон
Основната моја утеха во оваа година на животот што умира беше присуството на пријатели.
Кристофер Хиченс
Оставете им ја надежта. Надежта е голем утешител во тагата.
Александар Волков
Останувам со продолжителното чувство дека местата на кои одиме во нашите умови за да најдеме утеха немаат многу врска со тоа каде одат нашите тела.
Кристина Бејкер Клајн
Отсекогаш ми бил сон и детска фантазија да станам голем шампион. Повеќе би претпочитал да сум спортист отколку актер. Тоа е како некаква утешна награда за второ место.
Марк Волберг
Очајно и енергично се бореше со сè што можеше да ѝ даде поткрепа и утеха.
Џоан Харис
Очигледно, тоа е многу херојски однос: да одбиеш секаков вид утеха, пренебрегнувајќи го фактот дека токму во оваа поза се крие најотровната, морничавата и злобната утеха.
Себастијан Хафнер
Пеколот има двојна функција: да ве утеши казнувајќи ги непријателите што не можете да ги казните на земјата и да создаде мотивација да ги следите религиозните морални прописи поради заканата дека ќе бидете испратени во пеколот ако згрешите.
Џаред Дајмонд
„После тоа“ е утешна форма на „никогаш“.
Андреј Макаревич
Повеќето жени сакаат да ги лекуваат раните од вашето минато, да ги олупат крастите и да ве утешуваат кога достатно рануваат.
Лили Кинг
Поезијата е способна да му даде утеха на немирниот дух и да го воздигне умот, предизвикувајќи мисли за вечноста.
Питер Акројд
Поезијата е уметност да утешуваш без да лажеш.
Лев Касил
Понекогаш лагите се единствената утеха која суштествува.
Виктор дел Арбол
Понекогаш цитираме не само за да демонсгрираме понаучен и педантен начин да покажеме што сме научиле или на што сакаме да ги научиме другите. Исто така тоа се прави за да се излезе од осаменоста, да бидете придружени на патот на несигурноста од близок или утешителен глас.
Предраг Матвеевиќ
Попритеснет сум од жалосните победи, бидејќи само тие се во состојба да ме тешат од ден на ден во мојата немоќ.
Фред Варгас
Последната утеха за оној што страда од несоница-е чувството на супериорност над заспаниот свет.
Леонард Коен
Правилата се единствената утеха што сега ни останала.
Пол Андерсон
Прашањето не е во самите традиции, туку во нивната утешителна, па дури и исцелителна моќ.
Нарине Абгарјан
Предавството се пројавува најдлабоко кога е од оној што го сакаш. Затоа што тогаш се чувствуваш двапати глупак, скршен и повреден-наеднаш. Затоа што тогаш ја немаш утехата за која најмногу жедуваш.
Су Лин Тан
Предвидливоста е утешна награда за стареењето. Со зголемувањето на животното искуство станува полесно да се пресмета ситуацијата.
Мишел Ричмонд
Прекумерната грижа и изобилството слатка храна често нè утешува.
Керстин Гир
Примитивноста секогаш утешува.
Брет Истон Елис
Промената е застрашувачка. Можеби ќе ве утеши да знаете дека ако се плашите, веројатно сте на прав пат-патот кон промената и растежот.
Хенри Клауд
Просечните стојности не се утеха за оние што изостанале.
Нејтан Пајл
Просто ќе кажам дека оние кои предлагаат лажна утеха се лажни пријатели.
Кристофер Хиченс
Првиот и основен инстинкт на луѓето не е ниту сексот, ниту агресијата. Тоа е да барате контакт и утешна врска.
Сузан Џонсон
Работата е најдобрата утеха од сите потреси на мозокот.
Артур Кларк
Радоста се претвори во подигравка што ја навредуваше мојата неутешна душа и ме направи да се чувствувам уште помачно-дека не сум создадена за среќа.
Мери Шели
Разумниот човек, велат тие, претпочита да се чува здрав пред да прима лекови и повеќе би сакал да се чувствува весел, отколку луѓето да се обидуваат да го утешуваат.
Томас Мор
Религиите даваат утеха, но не и знаење.
Андреас Штајнхофел
Религијата утешува.
Роберт Силверберг
Родителските гревови, колку и да биле големи, ги утешуваат децата во нивната несреќа.
Франциско Гомез де Кеведо
Самиот ветер ми шепна нешто утешно за мене, а природата со мајчински ласки ме поттикна повеќе да не плачам.
Мери Шели
Само глупакот би се утешил со намалување на даноците или различна имиграциска политика.
Џејмс Коми
Само љубовта ме утешува. Дека сè околу мене е една љубов.
Елена Колина
Самодовербата што човек ја стекнува и добро стекнатото чувство за сила се единствената утеха на овој свет. На крајот на краиштата, повеќето ѕверови имаат такви доходи.
Пол Гоген
Самосвеста: тоа е еден од главните бонуси на стареењето. Тоа е нашата утешна награда.
Луиз Даути
Самотијата беше мојата единствена утеха-длабока, темна, смртоносна самотија.
Мери Шели
Самотијата е татковина населена од спомените на другите. Размислувањето за тоа го утешува отсуството.
Силвен Тесон
Светот на нештата не може да подари утеха.
Мајкл Канингем
Сега не сум сигурен дали некогаш сме се сакале многу длабоко или не бевме повеќе две изгубени души кога се сретнавме, гушнати заедно за утеха.
Џили Мекмилан
Сега немаше повеќе приказни за раскажување, за смирување, за утеха, за привлекување непознати; да се поврзат како срца и умови.
Мелани Бенџамин
Секогаш кога се чувствуваме заплашени, ние инстинктивно се свртуваме кон првото ниво, социјалниот ангажман. Повикуваме помош, поткрепа и утеха од луѓето околу нас.
Бесел ван дер Колк
Секогаш се тешите кога го откривате понижувачкото несовршенство на човек кој има моќ над вашата судбина.
Кристофер Бакли
Секоја дребнулија нè теши, бидејќи секоја дребнулија не обесхрабрува.
Блез Паскал
Секој од нив живееше секојдневно, тешејќи се со сознанаието: „Нема да се откажам“.
Јоханес Јенсен
Секој се утешува како може.
Морис Дрион
Секој човек има свое темно петно во душата и за некои би било утеха да знаат дека во светот се извршени подли нешта кои ги засенуваат нивните сопствени.
Кармен Посадас
Сенката на смртта често е утеха за оној што умира.
Скарлет Сент Клер
Сеќавањето е утешителен грчовит живот, повисок вид по раѓање.
Димитри Верхулст
Се надевам дека времето ги положило своите утешни раце врз тебе.
Тереза Ен Фаулер
Се чувствував целосно одморена, спокојна, утешена. И бескрајно благодарна.
Вирџини Депант
Сè уште понекогаш треба да се борам, но сега помалку се плашам. Оружјата со кои се борам се и моја утеха: книги, музика, храна, вино, природа.
П. Д. Џејмс
Сигурен сум дека празнината, за која ви кажав, веќе ве завладеала и вие се обидувате да ја пополните. Но, вискито е многу површен утешител. Тој лажно ви сугерира дека сè е неред, но всушност од него станува уште полошо.
Шарлот Линк
Силата зад движењето на времето е траор кој нема да биде утешен.
Мерилин Робинсон
Синовите се добри, но на мажот му требаат и ќерки, тие се наша утеха.
Хилари Мантел
Синџирот на завист ги поврзуваше, покажувајќи му го на секој она што недостасува во животот, но и предлагајќи утеха дека среќата присуствува во соседството, во животот на соседот, елемент на истото општество.
Аравинд Адига
Сите животи имаат триумфи и трагедии, смеа и солзи, и мојот не е поразличен. Она што навистина е важно е дали после сето ова ќе останете силни и утеха за вашите блиски. Се обидов да одговорам на овој тест.
Патриша Никсон
Сите таги се презирни, непробојни, сместени на височини што никој не може да ги достигне. Можеби премногу се плашиме дека една утеха ќе го избрише она што останало од спомените.
Тимоти де Фомбел
Сите намерни промени идат прво од негирањето на логиката која претходно ви дала утеха.
Мајк Дули
Славејот, лишен од својата опашка, се утешува со тоа дека му останал талентот; но, што му останува на паунот ако ја изгуби својата опашка?
Луиџи Пирандело
Слободата и добрината беа нештата за кои жедувавме толку, колку чоколадни табли и сирупски пудинг, и беше утешително да знаеме дека дури во свет полн со војни добрината никогаш не е премногу далечна.
Хејзел Гејнер
Слободниот лет на умот е сè што останува за човекот како доказ за неговото посебно место во Вселената. Но, наскоро оваа последна утеха може да му биде одземена.
Мајкл Брукс
Смешно е како некои спорови се полесни, поутешни од вистинскиот разговор.
Кетлин Тесаро
Смислата на солзите е во тоа што тие утешуваат.
Ерланд Лу
Смртта утешува-за жал!-и обврзува да се живее. Таа-целта на нашиот живот и единствената надеж која како еликсир нè освежува, нè опива и ни дава храброст да чекориме по својот пат до вечерта на нашето суштествување.
Шарл Бодлер
Смртта е само човечка мечта, утешителна фантазија; таа навистина не постои, во светот има само живот!
Марија Корели
Со голем очај човек обично избира од две утешенија-или молитва или вотка.
Анри Троја
Способноста на религијата да утешува не ја прави повистинита.
Ричард Докинс
Сожалувањето за нештата што сме ги направиле може да биде изгаснато од времето; сожалувањето за нештата што не ги направивме е неутешно.
Сидни Харис
Сожалувањето му беше студено и не нудеше утеха. Исполнет со зборови што тој би сакал да ги проговори и лицата на кои сакаше да им ги искаже.
Метју Фицсимонс
Солзите се оружје на слабите и утеха на силните.
Шан Са
Солзите што жените ги пролеваат наутро за својата судбина се солзи на трезвена тага и не можете да се утешите со никакво сочувство.
Марсел Еме
Сочувството е неразделно од утехата.
Сергеј Јаров
Сочувството е чисто чувство кое му дава сила на божествениот принцип на човекот, а сожалувањето е чувство за утеха на ѓаволскиот принцип.
Ернст Мулдашев
Стравот е инстинкт за преживување; стравот на својот пат е утеха затоа што значи дека некаде надежта е жива.
Теодор Старџен
Стравот управува со светот, надежта го утешува.
Гастон де Левис
Страдам од животот и од другите луѓе. Не можам да се соочам со реалноста. Дури и сонцето ме обесхрабрува и депримира. Само ноќе и сосем сам, повлечен, заборавен и изгубен, без врска со ништо вистинско или корисно-само тогаш се пронаоѓам себеси и се чувствувам утешен.
Фернандо Песоа
Страдањето е испратено за да нè потсети да ги насочиме нашите мисли кон Бог, кој ќе ни даде утеха.
Радханат Свами
Таа беше променета од времето и колку сакаше тој да биде мажот кој ќе ја утеши во тоа и да ѝ се заколне дека никакво намалување на младоста нема да доведе до намалување на љубовта.
Себастијан Бери
Таа го утеши во неговата темнина и му даде надеж. Се чинеше дека таа има искрена наклонетост кон него, и покрај неговите недостатоци.
Силвен Рејнард
Таа ги затвори очите. Ги кажа трите најутешни зборови што ги знаеше: „Имало едно време“. Магија.
Џенифер Мекмахон
Таа е и среќна затоа што сè не е изгубено, и исплашена-не сака премногу да се теши со надеж, за да не страда подоцна останата без ништо.
Мануел Пуиг
Таа ја гледаше сопствената иднина толку јасно, колку што гледаше сè друго. Неговата краткост беше нејзината единствена утеха.
Натали Хејнс
Таа наоѓа утеха кога набљудува како луѓе без очигледна цел се движат напред-назад по површината на земјината кора.
Фред Варгас
Таа не се утешуваше со надежта дека не го сака, само мисли дека тоа никако не му го покажала.
Мадам де Лафајет
Таа немаше голем избор. Немаше кој да ја утеши и затоа никогаш не научи како да биде утешувана. Таа се обидуваше.
Роберт Дугони
Таа отиде на гробиштата да чита, свиткана во сенката на гробницата, утешувана од душите на мртвите.
Миранда Каули Хелер
Таа продолжи да плаче, но очите ѝ останаа суви. Велат дека тоа се најлошите солзи на светот. Такви се само оние од неутешна тага.
Лора Ескивел
Таа разбра од прва рака колку утешни можат да бидат мечтите за одмазда, сè додека никогаш не се остварат.
Кели Мустијан
Таа сакаше да биде сакана и сакаше да се теши со таа љубов.
Марија Барет
Таа се утеши со фактот дека љубовта е каприциозна, како смртта. Таа доаѓа без предупредување и исто толку наеднаш исчезнува. И нејзиниот избор е неверојатен. Така смртта понекогаш ги надминува здравите и полните со сила, а безнадежно болните ја повикуваат напразно.
Рафик Шами
Тагата има и социјална функција бидејќи човек кој покажува признаци на тага често добива помош, утеха и уверување од другите.
Хенрик Фексеус
Тагата не се отстранува со утеха.
Лоис Лоури
Тагував зашто немав чевли. Минувајќи покрај џамија, видов човек без нозе. Престанав да тагувам и да ѝ приговарам на судбината.
Саади Ширази
Таму каде што суверената убавина се среќава со суров презир, таму е сместена жива смрт-но јас се тешам: некој ден твојата убавина ќе почне да се намалува.
Лоренцо де Медичи
Темнината е многу смирувачка. Речиси утешува.
Маигул Акселсон
Тоа е единствената утеха која ние, децата на оваа горлива земја, ја осудивме, како што треба да се сеќаваме и разбереме и сожалуваме, а потоа да компонираме песни за огнот.
Хуан Габриел Васкез
Тоа е многу добро. Патот на утехата. Не е ли мудроста само тоа: утеха. Помирување со светот кој не успеавме да го промениме. И со животот што требаше да го прифатиме? Можеби затоа велат дека со годините стануваме помудри?
Љиљана Хабјановиќ Ѓуровиќ
Тоа само кима со главата бидејќи носи утеха на нејзината пријателка и не повредува никого.
Шелби ван Пелт
Тоа што утешува еден, му изгледа одбивно на друг.
Тед Чан
То ест, среќата е избавување! Многу треба да страдаш за да најдеш утеха во обичната беда, во секојдневјето. Погледни на животот со нови очи и откриј ја вредноста во него!
Људмила Петрушевска
Тој велеше дека човек плаче толку безутешно во овие рани години што детството е како тони тага измешана со килограми среќа. Големото биполарно време на нашиот живот. Тоа беше моето вдахновение.
Алберт Еспиноза
Тој ги знаеше копчињата за притискање, нештата што требаше да ги слушнам. Беше жестоко, утешно и понижувачко во неговото извртување на умот.
Сали Хепворт
Тој ја напушти куќата со чадор во едната рака и меденка во другата, откако одамна беше ја открил јазичната способност на овие слатки да им даваат утеха.
Џулија Стјуарт
Тој ли ја гледа така? Како егзотична убавица? Се тешам со сознанието дека и најубавите цвеќиња венеат и умираат.
Оинкан Брејтвеј
Тој ме ужасна, но во исто време ми даде утеха, особено кога јас самиот сакав да чувствувам страв и ми недостигаше одново и одново, бидејќи и денес не можам да живеам без страв и ужас.
Јозеф Винклер
Тој не знаеше како да се справи со луѓето кои се распаѓаат, како да ги утеши. Не беше сигурен дали едноставно заборавил како да биде со луѓето воопшто.
Кевин Вигнал
Тој сè уште немал доволно искуство со луѓето за да знае дека нешто што го сметаат за најдрагоцено во своите срца, последното нешто од кое се откажуваат кога сè друго избледува е утешната вера во инфериорноста на другите.
Грегори Мегваер
Толку чудно: какви кругови и циклуси се појавуваат во моделот на животот. Или повеќе така изгледа. Можеби луѓето се обидуваат да ги направат овие модели во името на утешна илузија за ред?
Гај Гавриел Кај
Трагедијата е толку лична, но тоа не значи дека не се случувала претходно, некому, некаде-тоа е што ни помага да разбереме и да им донесеме утеха на другите, знаејќи нешто од она што го чувствуваат.
Жаклин Винспир
Треба да бараме утеха таму кај што можеме да ја најдеме.
Хенри Џејмс
Треба-збор за тага, а не за утеха.
Џина Шоуволтер
Треба ли да живееме поставувајќи си такви прашања без убедливи одговори, понекогаш дури неутешни?
Леонардо Падура
Трудот и болестите се утешенија кои боговите не ни ги одземаат.
Клајв Стејплс Луис
Туѓата завист е најдобрата утеха.
Дидие ван Ковелер
Ќе има луѓе кои нема да се утешуваат во загубата на причината за која сметале дека е света.
Улис Грант
Убавината ретко носи мир и утеха. Напротив. Вистинската убавина секогаш тревожи.
Дона Тарт
Убавината утешува затоа што е таа безопасна.
Јосиф Бродски
Убивањето е лесно и умирањето е лесно. Сè е лесно. Само едно е тешко: да се утеши за момент оној што е во нас, кој не пораснал и никогаш не пораснува, кој непрестано повикува за помош.
Себастиен Жаприсо
Уметноста е утеха; уметноста е визија, а кога ќе земам литературно дело јас сум консуматор на литература поради себеси.
Воле Шоинка
Уметноста има само две теми: жалба и утеха.
Фазил Искандер
Уметноста не треба да ги навредува луѓето, таа им се дава за утеха.
Дмитриј Глуховски
Утеха барав во природата, а таа никогаш не ги одбива луѓето.
Чарлс Дикенс
Утехата е лек за слабите.
Владимир Санин
Утехата е полоша од смртта.
Педро Калдерон
Утеха за несреќникот-има другари во несреќа.
Езоп
Утехата треба да ја барате сами, бидејќи не може да се очекува дека во близина ќе има луѓе кои се подготвени да ја споделат вашата тага. Напротив, треба да плачете молчаливо така што никој да не слушне.
Ингмар Бергман
Утехата што ја бараш не е вистинска утеха.
Ен Пери
Утехата што ја најдов во тебе беше огромна-немав ништо кога те сретнав и така без напор ти стана моето сè.
Ешли Одрејн
Утешете го својот кутар пријател, кој е толку вознемирен што ги гледа своите слики толку несреќни, толку тажни, покрај сјајната природа што ја има пред своите очи!
Жан Батист Камиј Коро
Утешно е да ги обвинуваш сопствените постапки за несреќата на другите. Исто така е грешно.
Ендрју Мејн
Утешно е да знаеме дека некои многу стари и многу едноставни начини за придвижување од едно место на друго сè уште работат.
Роберт Фулам
Утешно е да знам дека некој во мојот живот знае што прави.
Сејал Бадани
Утешно е да знам дека ние сме видот што чувствува најмногу болка.
Крег Џонсон
Утешно е на чуден начин да мислиш дека некој друг разбира факт што обично е табу: не сите родители се добри родители.
Сара Пирс
Утешно е да слушаш за нечии маки над твоиите.
Ијан Мекјуан
Утешува совеста на возрасните да се сетат дека среде тешките неправди во историјата сè уште имало големи животи.
Румаан Алам
Утешувајте се со мислата дека на светот има многу повеќе болести, отколку што имате вие. Ќе се радувам да се видам по шест месеци.
Хендрик Хрун
Утопијата утешува.
Пол Мишел Фуко
Уште од детството, кога сакам да избегам, да потиснам тешки мисли, да се самозалажувам, да ја превозмогнам болката, читам. Во книгите наоѓам утеха и заборав, но и поттикнување и охрабрување.
Љиљана Хабјановиќ Ѓуровиќ
Фразата со која се тешам кога почнувам да учам нов јазик: „Веќе започнувам да разбирам што зборувам!“
Тицијано Терзани
Христос ѝ возврати со неутешен поглед на оние кои знаат дека никој нема да им помогне.
Иларија Тути
Целта на науката не е ниту да плаши, ниту да утешува.
Зигмунд Фројд
Црквата има свои проблеми, но колку повеќе стареам, толку повеќе утеха наоѓам таму.
Едвард де Боно
Чесно кажано, јас не сум лесен човек. Можам да бидам забавен, макар што според моето искуство повеќето луѓе не сакаат да бидат забавувани. Тие сакаат да бидат утешени.
Ричард Русо
Честа е лоша утеха кога сте погребани во земја.
Нора Робертс
Читањето ја храни душата, а просветлениот пријател носи утеха.
Франсоа-Мари Аруе Волтер
Човештвото може да биде грубо разделено на три вида луѓе-оние кои наоѓаат утеха во литературата, оние кои наоѓаат утеха во декорирање на себеси и оние кои наоѓаат утеха во храната.
Елизабет Гауџ
Човечкото сознание жедува за објаснување, човечкото срце има потреба од утеха, човечкото општество бара ред, човечкиот ум е склон кон илузии.
Паскал Буаје
Што и да правевме-или, поважно, не направивме-изгледаше дека додека го правиме тоа заедно, нашите индивидуални гревови може да се намалат. Нема утеха како соучесништво.
М.Л. Рио
Што и да правам, каде и да отидам, една мисла ме утешува: јас сум неволно човек, затоа сум невин човек.
Гезуалдо Буфалино