СТАСА НА КРАЈОТ ОД ПАТОТ, ПРЕД БЕСПАТЈЕ.
СЕГА НАЗАД, КОН ПОЧЕТОКОТ? НИКАКО! ТОА БИ БИЛО БЕСПОЛЕЗНО. И Е ВЕЌЕ ОБЕСНАЖЕН, Е ВЕЌЕ БЕСПОМОШЕН. ЗАРЕМ ВО БЕСПАТЈЕ? НИКАКО! ОТСЕГА ВО МЕСТО НА КРАЈОТ? НИ ТОА!
МОРА ВЕДНАШ ДА ОТКРИЕ И ШТО СЕ СЛУЧУВА И ШТО МУ СЕ СЛУЧУВА. ЗНАЧИ, ПРВО ЗОШТО ПАТОВ ГО ДОВЕДЕ НА СВОЈ КРАЈ, ПОТОА ЗОШТО Е ТОЈ ПРЕД БЕСПАТЈЕ, ЗА НАЈПОСЛЕ ДА ЈА ОТКРИЕ И СОСЕМ ДА ЈА СОГЛЕДА МОМЕНТНОСТА НА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ.
ДОСЕГА НЕ ЗНАЕШЕ, НИТУ БЕШЕ СЛУШНАЛ ЗА ПАТ СО КРАЈ. ВО СВОЕТО ЖИВОТНО ПАТЕШЕСТВИЕ ОДЕЛ И СОВЛАДУВАЛ СЕКАКВИ ПАТИШТА. НА НИЕДЕН НЕ СТАСАЛ НА КРАЈОТ. НАПРОТИВ, СЕКОГАШ СОВРЕМЕ ОТКРИВАЛ И СОГЛЕДУВАЛ НОВ, НАЈЧЕСТО СО ПОЧЕТОК БЕЗ КРАЈ ИЛИ, НАЈРЕТКО, НОВ, НАСПОРЕДЕН, КАКО НЕГОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ. И НИЕДЕН НЕ ГО ДОВЕЛ ДО ПРЕД БЕСПАТЈЕ ОБЕСНАЖЕН, ВЕЌЕ БЕСПОМОШЕН.
РЕШИ ДА ЗАЧЕКОРИ ВО БЕСПАТЈЕТО СЛЕДЕЈЌИ ГИ ПАТИШТАТА НА СОНЦЕТО, МЕСЕЧИНАТА И ЅВЕЗДИТЕ. ПАТЕМ ДА ИМ ГИ РАСКАЖУВА НА ПОТОМЦИТЕ.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 26