Влада-Владеење

Тивки клокоти

Не е нераскинлива врската помеѓу владата и владеењето. Напротив, за жал, во минатото, а и денес таа е пречесто или раскинлива со секој ден или раскината со секое вчера.

Најчесто владеат влади што не можат, поначесто не умеат да владеат, па власта им е брза и минлива. Најлесно владеат оние со кои владеат.

На народот му е сеедно за таа врска, особено кога му е далечна. Jа нема како своја, кога му е отуѓена, однародена. Не му е сè додека кој-годе со него владее оти му е до владеење.

Колку зависиме од владетелите и политичарите? Колку сме тоа што сме и што мислиме оти сме кога зависиме од нив?

Дали само слободата и слободоумноста зависат од нив?

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 22

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.