Глупост

Тивки клокоти

Кој ли да ја мери за да ја подзапре, за во друго време да не пречи? Особено кога веќе нема сила што може да ја спречи саде зулум да им прави на луѓето?

А ни дошла до гуша, та почна да нè дави. Може и да нè удави кога не се ни обидуваме да им ја измериме и исмееме на овие дома и оние надвор.

Барем да не им ја прифаќаме кога ја прекрстуваат со интерес.

Глупоста е безгранична за оние што ја создаваат, прават, искажуваат. Но, гранична за оние кои ја поднесуваат, толерираат. Кои не ја третираат.

Се разбира дека е недозволива помеѓу сите кои со ум и разум, со ука, поука и мудрост го туркаат животецот. Кои инсистираат на лично препознавање и траење во светот на минливоста и маргиналноста.

Најспротивна на глупоста е ученоста, а најпротивречна на мудроста. И со едната и со другата се труди, но не успева да сојузува или барем да биде наспоредна. Освен при грешки со последици тешки.

Прочитај и за ... >>  ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 6-10

Не бегај од глупоста, туку разголувај ја до понижување и ништожење.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 5

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.