421. Нужно
Во последен момент
глас на изгрејсонце.
422. Последица
Ако биде суша смртна,
ќе биде извор последен.
423. Надежно семе
Изртува семе во облачно време,
белки по вкоренување на живот.
424. Пред исчезнување
Премален претсмртен
и мрачна тишина сегде.
425. По сè
Надојдена матна вода меѓу ридје
си направи нови камени брегови.