ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 17

Потребно време за читање: < 1 минута

17. Застрашени

Застрашиле
луѓе сонувачи
во живеачка
меѓу голи камења
на пустошна земја
безживотна
та се надеваат
оти во свет соголен
до коски наредени
во празни гробови
долго ќе владеат
со свеста
на притаени
не ни помислувајќи
дека не може да трае
долго невреме
што заробува
мисли зборови дела
од игри меѓу игри
на потомци кои
од искон ги играат
сосе пораки
подземни надземни
траги од крвави битки
до последна смрт
на предводник
со штит во левата
меч во десната рака
со сонце во срцето
и огон во крвта
туку луѓето сонувачи
конечно ќе се кренат
доблесни.