Потребно време за читање: < 1 минута

30. Мој постојан одговор

Досега многупати сум одговорил исто на понуда или барање за мое застапување со мое дело во каков било избор од современата македонска книжевност или објава-печатење на мое дело во С. Македонија (во хартиена форма).

Одговарам и сега:

НЕ ДОЗВОЛУВАМ!

Ниту еден од моите 14 романи, ниту една од моите 6 збирки раскази; ниту една од моите  31 книги поезија; ниту една од 12-те поетски студии интегрирани во моето капитално поетско дело „Создател во изгревна и залезна година“; ниту едно од моите 9 сатирични дела под заеднички наслов „Шило и осило“; ниту една од моите 20 збирки афоризми и други јадровизми или проблесоци во мислата (промисли-домисли, согледби-стојалишта, умности-премудрости), со заеднички наслов „Думање на голем и мал човек“; ниту една од 2 збирки „Народски изреки“; ниту мојот избор пословици, изреки, мисли и цитати во 4 тома „Дума опит, ука“.

Ниту препечатување на мои веќе објавени 6 книги поезија и збирката „Проблесоци во мислата“ (во хартиена форма).   

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 32

Не дозволувам да се печати и мојата научна студија „Аспекти на модерното радио“.

(До овој момент вкупно 96 дела на Интернет-на моја веб страница +7 печатени=103 )