12. Парадоксално
Парадоксално е што со страховладеење се владее предолго, а неподносливо!
Парадоксално е што слободоумен човек може лесно и брзо да се ослободи од страховладеење, а не се ослободува зашто го надвладеале рамнодушност и безнадежие.
Парадоксално е што страховладеачи го ништат животот, а владеаните живуркаат умирајќи.