ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 186-190

186. Увилување

Увилени луѓе скаменети во ветар.

187. Животна полнота

Освојува врвови на своја планина.

188. Мачнотија

Несогледлива мрачна празнотија.

189. Исправен

Стои исправен во далечина.

190. Величање

Величат голем човек во човек.