ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 1

Потребно време за читање: < 1 минута

1. Скиталци

Велат дека тие до луѓе
стасале од нигде
та срцата им се израдувале
знаат како со преумората
на снагите им
им треба бесшумна ноќ
за нови соништа
ги прашуваат дали чуле
за љубов со тишина
одговараат наместо нив
тоа просто не е можно
тие се скиталци кои уште
не смислиле свои зборови
со кои ќе ги раскажат
своите животи без семе кое
би го посеале кај што уште
има плодна земја
луѓето им велат таква нема
ни близу ни во далечина
а имаат уште свој огон кој
ќе им ги стопли душите
да не им измрзнат
па после ќе можат по нив
да продолжат ко скиталци
тие ги гледаат загадочно
одговарајќи им шепотно
дека се гладни и жедни
зашто со години
ни под земја ни на небо
не нашле ништо закоренето.