ТЕКОВИ, раскази/ескизи, 78

78. Сведоштво

Тој успеа да стане од смртната постела во рана зора, да измие снага, да облече топла облека, да го угасне огнот во огништето, за последен пат да му се изнагледа на своето живеалиште-трошна куќарка на раб на бездна и да си го фати патот. Никој не знае каде замина.  

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.