251. Камења
Камен во камен и камен врз камен
од мене за под мене и над мене.
252. Глетка
Крај гола река и сува планина
коски на мртви од дамнина.
253. Ведра песна
Жени и мажи под ведро небо
пеат песна за новороденче.
254. Пред последна смрт
Долга смрт во срце на човек
немошен пред стрвни ѕверови.
255. Имотник
Ничкосан наземи имотник
без кого не може сега и овде.