241. Подивена трева
Подивела трева по силен дожд,
по мрачно небо и по огнени молњи.
242. Пат
Се извил пат меѓу два света
за луѓе да минуваат меѓу нив.
243. Градба
Од градба на кула небесна
е овој вонвременски темел.
244. Безлични
Ги симнале лицата лицемери за
маските да не им се препознаат.
245. Гладник и гладници
Гладник меѓу гладници
не се најадува до ситост.