СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, песни/двостишија, 201-205

Потребно време за читање: < 1 минута

201. Мачно

Искачив гол рид
со угаснати огништа.

202. Меѓу

Спокојно чекорам меѓу
два корена во живот.

203. Стегам заби

Стегам заби, а ти од мене
бараш надежни зборови.

204. Не те познавам

Те гледам каква што
не си била никогаш.

205. Сјај во очи

Ме заледува сјајот молневит
во твоите празни небесни очи.