НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 311-343

Потребно време за читање: 2 минути

311. Не те мразам, ама биди шо подалеку од мене.

312. Гостин, а непријател!

313. Велепредавнико го согледуа својто велепредавство, ама тие пусти пари.

314. Прво треба да си ги признајш гревојте, па после да бараш прошка за ними.

315. Комшо, ми изглеаш ко многу осилен. Да не ти фали нешто?

316. Не мојт чоек зломислен да гази со стамен чекор по туѓа земја.

317. Пишано е секој да си одгоара за својто дело и својто недело.

318. Мене не ми је таткојна кај шо ми је убоо. Таткојната ми је кај шо се мојте корени и корените на мојте предци.

319. -Ти то па то. Немаш друго?
-За друго не сум платен.

320. -Шо је многу од тебе, многу је.
-Ако ти је многу, ај со здравје!

321. Ич не је убоо да се мачиш, а маките никој да не ти ги гледа. Али некој бар да проба да ти ги олесни.

322. Никому не мојт да му биди сè погодено. Важно да се врви животецо дури трај.

323. Помислуам на тебе секоаш коа мислам оти ќе умрам без тебе.

324. Ко мало дете се радуам на сечие убоо кажано, пишано али испеано. Кога је со мисла, срце и душа.

325. Ги сакам сите шо праат добри дела.

326. Забораените гробој времето ги запустуа.

327. Прајш како ќе ти се нареди оти не знајш шо да прајш.

328. Те плаќаат да лажиш и да крадиш за да им слугуаш.

329. Живи сме ко пред умирање.

330. Прво да порасниш здрав и прав, па после ќе прајме шо треба заедно.

331. Ако можиш, попрај грешка на твој ближен умрен сторена спрема уште жив. За греот да не се пренеси на тебе.

332. Тој шо лажи најголем уплав има од вистина, та бега шо подалеку од неа.

333. Во држава со натурена власт не мојш да се обогатиш ако не си партиски главатар, партиски измеќар али мафијаш.

334. Грди кокошки кокодакаат на буниште, а петлите со ними немаат сила ни за кукуригање.

335. Во распален огон на омраза меѓу два соседски народа ќаруаат само алчни властодршци и властољупци.

336. Си ја поддржуам староста поддржуајќи млади со мене.

337. Ново слово со сал буква али слог во постојно.

338. Те играат ко шо им требаш оти не играш.

339. На питом народ се настрвиле подивени и бедни орди.

340. Нема утрешнина без ука ем поука од дамнина до денешнина.

341. Ем нивното не е нивно, ем навалиле на туѓо, комшиско.

342. Ко ќе дојдите на мојве години, можи ќе разберите зошто чоеко треба да е упорит ко непризнаен.

343. Најмногу боли живуркање при создаено големо дело.