СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 171-175

Потребно време за читање: < 1 минута

171. Неверување

Не верувам дека допрва
ќе се случи чисто небо.

172. Будна ноќ

Во будна ноќ гледам
живи сенки на сомнеж.

173. Бран

Иде бран на нечиј живот
меѓу смртен и бесмртен.

174. Немири

Немири неизмерни,
небрежни, неврзани.

175. Строеж

Мој строеж, од мене строеж,
во мене строеж, за мене строеж.