АФОРИЗМИ XVIII, 861-880

Потребно време за читање: 2 минути

861. Смисла на живот што вреди:
Едновремени, взаемни и паралелни егзистенција и коегзистенција. Како семејство во семеен дом.

862. Неизмерно и незапирливо лично богатење поттикнувано од алчност:
Налудничавост.

863.Заборавена нужност:
Човекот треба да се прилагодува на природата, а не човекот да ја прилагодува природата на себеси.

864. Семејство со семеен живот, без оглед на блискоста или оддалеченоста на неговите членови. Живот во кој минатото, сегашноста и иднината се длабоко вкоренети.

865. Најтешко е и е најпредизвикувачко во свое време да работиш, твориш и дејствуваш.

866. Мислев дека нема да издржам, но еве издржувам.

867. Стар бел дедо:
Не се живее без спокој, радост и задоволство во животот.

868. Запретав во длабок заборав многу пакости, измами и лаги на лицемерни ништожници.

869. Сум рекол и пак велам:
Сите што прифаќаат земјата во која живеат, дејствуваат, работат и создаваат да се вика Северна Македонија не можат да бидат друго, освен Северномакедонци!
Земјата на Македонците се вика Македонија!

870. Да знаете дека се знае:
Ги качувате цените до небо за да си ја забрзате крадбата и божем колку-толку да му го олесните живуркањето на народот. Тоа е уште една потврда на мафијашко и измеќарско владеење.

871. Мафијашка, платеничка, велепредавничка и докажана наци-фашистичка северџганска власт!

872. Премиер на Влада на држава со голема и галопирачка инфлација треба веднаш да поднесе оставка! Се разбира, ако има милиграм свесност, одговорност и лично достоинство.

873. Безумно и безочно страховладеење во Северџганија!

874. Беспримерна срамота е да се омаловажува, негира и навредува грандиозно творештво на несомнено една од најголемите мислечки и творечки личности на светот.

875. На голем творец во години не му треба признание. Доста му е малку почит и внимание.

876. Бугари,
Зошто дозволувате да ве брукаат пред цел свет недоветни и неписмени простаци што ги плаќате за да се побугарчат преку ноќ?

877. Бугари,
Попрво од сè треба да си одговорите:
Дали татаро (турко)-монголските главатари Кубрат и Аспарух (и другите синови на Кубрат) се ваши прататковци или не се?

878. Можна „меѓуфаза“:
Пред да пропадне-да се уништи или самоуништи Северџганија, таа да се „преправи“ и преименува во „Кула вавилонска“. 

879. Простаклак на власт најбрзо урива, растура, уништува и убива.

880. Нема друго!
Или крај или нов почеток на сè.