34. Во премолк
Одамна е во премолк
на свет во граници
што се
ту високи и длабоки
ѕидини,
ту недвидливи траги
на нечии постоења.
Просто не забележува,
просто му е сеедно,
просто е како да не е
тој.
Дури му годи дека е
единствен во него
и никој како него
толку долго жив.
Секогаш е игралит,
секогаш жизнен,
скогаш самобитен.
Не се ни обидува
да излезе од премолкот
недостоен
за негови дела.