ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

30. Сон на јаве

Легна во круг на сончев зрак
гола мала птица
од бел мрамор изделкана,
како да снеможела по прелет
низ маглина.

Тој пријде, за миг беа заедно
во кругот на сончевиот зрак,
и за миг ѝ го собра сиот оган
од нејзиното срце
во својата разбранета крв.

Таа му ја подари со насмев
својата белина мраморна,
како отсекогаш да биле
еден воздив
во круг на сончев зрак.

Насмевот на малата птица
прелетна
и тој со својата возбуда
низ маглина
конечно сплотени освоија
свој простор за живот заедно.

Leave the first comment