15. Драго друго
Драго друго е
оти не е исто како сè
досега
и оти не може никогаш
никако да се повтори.
Драго друго да е
мое и на никој друг
што прави нешто ново,
расположен
за неоткриено, скрито
и неодгатнато.
Драго друго ќе е
сосем инакво од она
создание
сосе дамнешно време
или штотуку
мислено и вкоренето
до кога ќе бидам жив.
Драго друго не е
мигновено, молскотно
постоење до вишно небо
како предизвик,
како сомнеж во воздив,
како збор,
како крик громовен.