ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

1. На крај со нов почеток

Ми вели на издив дрво
со многу векови
во срцевината
дека не требаше
да го исечам до корен;
зашто сал со него може
не да си го продолжи
животот,
ами да почне нов
крај него,
поткрепен од него
со нов.

Јас на издив му велам
дека морав да го сторам
со последни сили;
зашто врз стеблото,
врз плодовите
и врз срцевината
навалила црвојаднија.

А го исеков до корен
токму за да почне,
токму за да почнам
нов живот крај него,
поткрепен од него
со нови времиња
преполни со поразени
невремиња.

Во наша земја, во наша.

Leave the first comment