ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 8 минути

101. Култура-Уметност-Цивилизација

Секој народ со своја препознатлива култура. Што си  ја брани од насилие, негирање, кражба, и без престан си ја богати. Секој исконски народ има голема и длабоко вкоренета култура во својот опстанок.

Уметноста во најопшта смисла е создавање дела во кои тлее жар на трајноста. Трајните дела однатре горат и го пеплосуваат секој што не е кадарен да ги вреднува, да се гордее со нив и да ги восприема како свои.

Уметноста на сегашноста не живее без свое минато, ниту ќе живее утре ако денес не покаже или барем навести нови стремежи, цели, форми и содржини.

За сегашниот и идниот развој на човечката цивилизција од суштествена важност е да се откријат трагите и осознаат вредностите на старите и исчезнатите цивилизации.За сегашниот и идниот опстој на цивилизацијата од суштествена важност е да се открие и осознае дали бавно, забрзно или мигум исчезнале и зошто.

Она што е одамна знајно и денес се докажува: нема развој, нема иднина цивилизација без култура и особено уметност во неа.     

Македонски народни пословици и изреки

Убаво направеното од мајстор не е за играчка на безделници.

Бегаш од светот правејќи убави дела за други.

Правиш дело заедно со тој што ти го гледа.

Собрани вредни и убави дела на чување и живот.

Децата се надарени од бога. Луѓе со голема дарба се големи деца.

Во зандана се создаваат големи дела за слобода.

Пословици и изреки од народи на светот

Цивилизацијата владее со светот, а културата го ослободува. (Руска)

Уметникот е секогаш со Бога, а Бог е секогаш со него кога создава. (Француска)

Уметноста никогаш не е популарна. (Француска)

Единствено уметноста може да го отстрани насилството. (Италијанска)

Латински изрази

Уметноста е долга, животот краток. (Ars longa, vita brevis.)

„Само незналец ја мрази уметноста“-Натпис на музејот во Берлин. (Artem non odit nisi ignarus.)

Помеѓу оружјето музите молчат (т.е. нема уметност за време на војна). (Inter arma silent musae.)

Уметноста не ја сака само незналец.

Домисла, гесло, мисла водилка

Само два пата водат до цивилизација: култура и расипаност.
Анонимус

Уметноста продолжува да живее и во самотија.
Анонимус

Рекле, издумале

Срцето, фантазијата и умот-ова е опкружувањето во кое ја нарекуваме културата.
Константин Георгиевич Паустовски

Културата има паметење. Поради тоа е поврзана со историјата, секогаш подразбира континуитет на моралното, интелектуалното, на духовниот живот на човекот, општеството и човештвото.
Јуриј Лотман

Масовната култура е анестетик, аналгетик, а не лек.
Станислав Лем

Најголема можна фаза на нашата морална култура-кога разбираме дека сме во состојба да ги контролираат своите мисли.
Чарлс Дарвин

Умирање-културата се претвора во цивилизација.
Освалд Спенглер

Во најдлабоката суштина, културата не е ништо друго освен креативна синтеза.
Вилхелм Витлбанд (Виндулбанд)

За вистинска култура нема пострашен непријател од рационализмот.
Владимире Францејх Ерн

Културата е ширење на умот и духот.
Џавахарлал Нехру

Културата е мера на човештвото во човекот.
Карл Маркс

Доаѓањето на културата се поклопува со раѓањето на интелигенцијата.
Клод Леви-Строс

Културата не може да се наследи, треба да се освои.
Андре Малро

Најубавото што можеме да го доживееме е она што е таинствено. Тоа е темелно чувство кое стои во зачетокот на секоја уметност и наука.
Алберт Ајнштајн

Сите големи уметнички дела се доста тешко пристапни. Ако некој читател ги смета за лесни, значи дека не умеел да проникне во срцето на делото.
Андре Жид

Во уметноста, како и во љубовта, инстинктот е доволен.
Анатол Франс

Уметноста ни овозможува да се пронајдеме и да се изгубиме себеси во исто време.
Томас Мертон

Уметникот не може да не успее; успех е да се биде уметник.
Чарлс Хортон Кулеј

Уметноста е линија околу твоите мисли.
Густав Климт

Да се биде уметник значи да се верува во животот.
Хенри Монро

Вистинската цел на уметноста е најнапред да ја култивира духовната природа на самиот уметник.
Џорџ Инес

Цивилизацијата почнала тогаш, кога човекот првпат ископал дупка во земјата и ставил семе.
Религијата почнала кога човекот го сфатил сочувствувањето на Сонцето спрема семето, кое тој го ставил во земјата.
Ја нема таа подобност на нашата современа цивилизација која не предизвикува некоја неподобност.
Калил  Џибран

Уметноста почнала кога човекот составил химна на благодарност и слава на Сонцето.
Калил Џибран

Ако старите култури не ги ревитализираат придобивките на модерната култура, осудени се на интелектуална смрт.
Калил Џобран

Мене не ми е потребно вино за да се воодушевам.
Жан Жак Русо

Мозокот на културниот човек е вистински музеј на контрадикторни вистини.
Реми де Гурмон

Луѓето се истовремено и уживатели и жртви на својата култура.
Олдоус Хаксли

Да не заборавиме дека цивилизација сè уште не е култура.
Томаш Масарик

Како можеме да браниме една цивилизација која само го носи тоа име, а го обожува во нас животното и го цени само материјалното?
Махатма Ганди

Високата култура е како пирамида: може да стои само на широка основа на здрава и силна осредност.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Не постои ниедно сведоштво за култура кое истовремено не би претставувало и сведоштво за варварство.
Бенјамин

Културата на духот е украс на среќни, а уточиште на несреќни луѓе.
Демокрит

Културата бара убавината да се здружи со вистината.
Винченцо Џиоберти

Уметниците мора да ѝ се жртвуваат на својата уметност. Како пчелата, тие мораат својот живот да го стават во своето осило.
Ралф Валдо Емерсон

Секој уметник најнапред бил аматер.
Ралф Валдо Емерсон

Оној што претендира да биде сликар или резбар, а да не завладеал со цртање, мора да е измамник.
Вилијам Блејк

Уметникот кој не е занаетчија, не е добар. Но за жал, повеќето наши уметници не се ништо друго.
Јохан Волфганг Гете

Уметноста е посредничка на неискажливото.
Јохан Волфганг Гете

Уметникот не треба да ја копира природата; тој неа треба да ја преведе.
Херман фон Хелмолц

Уметничката чесност понекогаш му пречи на уметникот да се роди.
Станислав Јержи Лец

Понекогаш еден уметников потег раздвојува две уметнички епохи.
Станислав Јержи Лец

Вистинскиот уметник и подражавајќи создава.
Гистав Ле Бон

Уметноста е средство за живот на душата. Целта на уметноста е братско единство на луѓето. Полесно е да се разбере еден народ слушајќи ја неговата музика, одошто учејќи го неговиот јазик.
Џорџ Сантајана

Има сликари кои го менуваат Сонце во жолта дамка, а ги има и оние кои со помош на својата уметност и интелигенција жолта дамка претвораат во Сонце.
Пабло Пикасо

Уметноста е елиминација на непотребното.
Пабло Пикасо

Дозволете ми музеј и јас ќе го наполнам.
Пабло Пикасо

Да се испраќа светлина во длабочината на човечкото срце-тоа е позивот на уметникот.
Роберт Шуман

Само големи уметници можат да се чувствуваат мали спрема уметноста.
Хенрик Сјенкјевич

Улогата на уметникот е да создаде Сонце таму кај што го нема.
Ромен Ролан

Само уметникот е вистински љубовник; само тој има чист поим на убавина, а љубовта е единство на убавина и душа.
Исидора Данкан

Уметникот никогаш не го прима светот онаков каков што го нашол, ниту им го остава на такви.
Тин Ујевиќ

Сит сум од музеи, тие гробишта на уметности.
Алфонс де Ламартин

Најопасен гребен во животот на уметникот е женидбата, особено таканаречената среќна женидба.
Лудвиг Фоербах

Единствена околина што му е потребна на уметникот се мирот, самотијата и задоволството, а тоа може да се добие не по премногу висока цена.
Вилијам Фокнер

Уметничко дело кое не буди емоција не е големо уметничкот дело. Нејасноста ја убива мислата-таа е знак на уметниковата немоќ.
Лав Николаевич Толстој

Ја сакам уметноста зашто од сите лаги таа лаже најмалку.
Гистав Флобер

Во уметноста се дава идејата на вистината со посредство на лагата.
Едгар Дега

Уметност не е она што го гледаш, туку она што ќе го направиш за да го видат други.
Едгар Дега

Опасно е да се биде премногу модерен; уметникот се изложува на опасност нагло да застари.
Оскар Фингал Вајлд

Тајната на животот е во уметноста.
Оскар Фингал Вајлд

Критиката бара многу повеќе култура од креативност.
Оскар Фингал Вајлд

Уметноста е единствената сериозна работа на светот. А уметникот е единствена личност која никогаш не е сериозна.
Оскар Фингал Вајлд

Вистинската уметност останува за вечноста.
Лудвиг ван Бетовен

Стварноста е заглушувачка бучава од која уметноста мора да знае да оствари хармонија.
Герхард Граф

Ја имаме уметноста за да не загинеме од науката.
Фридрих Вилхелм Ниче

Единствено уметноста е кадарна да нè спаси.
Фридрих Вилхелм Ниче

Природата е вистина; уметноста е врховна вистина.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Уметноста е љубоморна; таа сака цел човек да ѝ се предаде.
Микеланџело ди Лодовико Буонароти Симон

Во чие срце се населила уметноста, тој е издвоен од бурата на суровиот живот.
Жан Пол

Уметноста доаѓа по лебот.
Готолд Ефрем Лесинг

На уметноста, како ни на животот, слабите не ѝ се дораснати.
Александар Александрович Блок

Уметноста треба да се сака во себе, а не себеси во уметноста.
Константин Сергеевич Станиславски

Тешко на уметноста кај што владеат пуританци.
Константин Сергеевич Станиславски

Уметноста е кристализација на животот.
Јосип Видмар

Тајната на уметноста е во тоа што ја поправа природата.
Франсоа Аруе Волтер

Уметноста е највозвишена мисија на човекот, зашто таа го истражува патот за изразување на мислите на светот.
Огист Роден

Улогата на уметноста во барањето на убавината е исто како и улогата на науката во барањето на вистината.
Роберт Булвер Литон

Уметност-тоа сум јас. Наука-тоа сме ние.
Бернард Маламуд

Цвеќе има секаде, но секој не умее од него да исплете венец.
Хенри Греам Грин

Кај што духот не работи со рака, тука нема уметност.
Леонардо да Винчи

Поетот е далеку под сликарот во претставувањето на видливите нешта, како што е и далеку под музичарот во претставувањето на невидливите нешта.
Леонардо да Винчи

Уметноста е најсигурното средство за човек да се издвои од светот, но и да се соедини со него.
Гуј де Порталес

Со ремек-делата на уметноста треба да се однесуваме како со егзалтирани личности-да застанеме мирно пред нив и да чекаме додека не проговорат.
Артур Шопенхауер

Богатите луѓе секогаш покрај себе имаат непожелен гостин; науката и уметноста исто така.
Антон Павлович Чехов

Уметноста нема татковина.
Макс Вебер

Да не се биде никогаш сосема задоволен-во тоа е сета уметност.
Жил Ренар

Развојот на уметноста никогаш не е завршен. Да се зборува за совршенство во уметноста е опасна заблуда, зашто тоа би значело да се осуди без престан да ги повторува истите примери и да се одрекне од напредок.
Ерих Марија Ремарк

Цивилизацијата е безгранично множење на непотребни потреби.
Марк Твен

Нашата цивилизација е излитена и јадна ствар, полна со суета и грозотија, бесрамност, ситничарство и лицемерство. Го мразам тој збор зашто таа донесува лага.
Марк Твен

Нашата цивилизација е сè уште во преоден стадиум; човекот повеќе не е животно зашто не го води само инстинктот и сè уште не е сосема човек зашто не го води само разумот.
Теодор Драјзер

Ниедна цивилизација не е уништена однадвор; секоја се разурнува однатре.
Теодор Драјзер

Цивилизацијата на една земја не ја прават еден или двајца генијални луѓе; неа ја прават милиони просечни, но на разумен начин образовани луѓе.
Мари-Анри Бејл-Стендал

Цивилизацијата не смееме да ја судиме и цениме врз основа на тоа колкава моќ создала, туку според тоа колку во своите закони и остварувања изразила љубов спрема човекот.
Рабиндранат Тагоре

Ако цивилизацијата не е во човечкото срце, тогаш ја нема никаде.
Џош Дуамел

За креативност е потребна храброст.
Анри Матис

Уметнилчкото дело е крик на слободата.
Кристофер Лаш

Уметноста, слободата и креативноста ќе го променат општеството побрзо одошто политиката.
Виктор Пинчук

Ако ние, граѓаните, не ги поддржуваме нашите уметници, тогаш ја жртвуваме својата фантазија на олтарот на суровата реалност; и завршуваме така што не веруваме во ништо и имаме безвредни соништа.
Јан Мартел

Кога ја судам уметноста, земам своја слика и ја ставам покрај предмет на Бог направен како дрво или цвет. Ако се судри, тоа не е уметност.
Марк Шагал

Она што го одликува одличниот уметник од слабиот е прво сензибилитетот и нежноста, второ нивната фантазија и трето нивната индустрија.
Џон Раскин

Среќни се сликарите зашто тие нема да бидат осамени. Светлината и бојата, мирот и надежта ќе ги одржи до крајот на денот.
Винстон Черчил

Напредокот на цивилизацијата изгледа како оган: прво искра, следно пламен, а потоа експлозија на оган зголемувајќи ја брзината и силата.
Никола Тесла

Архитектурата ѝ припаѓа на културата, не на цивилизацијата.
Алвар Алто

Границите меѓу цивилизацијата и варварството лежат длабоко закопани во песок на пустина.
Зулфикар Зуко Џумхур

Кога напредува цивилизацијата, поезијата нужно опаѓа.
Томас Бабингтон Маколеј

Она што луѓето го нарекуваат цивилизација, тоа е сегашното време, а она што го нарекуваат варваризам, тоа се минати времиња. Сегашното време ќе се вика варварско кога ќе помине.
Анатол Франс

Организиравме цивилизација чии сите битни елементи длабоко зависат од знаењето и технологијата, кои истовремено никој не ги разбира. Тоа е сигурен рецепт за катастрофа. Запаливиот спој на незнаење и моќ порано или подоцна ќе ни експлодира в лице.
Карл Едвард Саган

Целата историја на цивилизацијата изобилува со верувања во установи кои на почетокот биле драгоцени, а подоцна кобни.
Валтер Багехот

Цивилизацијата понижува многумина за да издигне избрани.
Анос Бронсон Алкот

Некој морнар испливал по бродолом на пуст остров. Секој час се плашел дека ќе го изедат ѕверки или човекојадци. Скитајќи, здогледал бесилка и на неа неодамна обесен човек. Тогаш воскликнал: „Фала на небесата, сепак се наоѓам во земја на цивилизирани луѓе!“
Филипо Пананти

На крајот на краиштата, не е цел на цивилизацијата напредок на науката и машините, туку на човекот.
Алексис Карел

Секој напредок на цивилизацијата на почетокот бил жигосан како неприроден.
Бертранд Расел

Leave the first comment