ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 12 минути

93. Демократија-Тиранија

Нема кој не знае што е демократија, а сепак сите ја бараат, сите се огнени борци за неа. Борба за неа, а против тиранија.

На многумина им е полесно да ја обвинуваат власта оти е тиранска, ја оневозможува демократијата или не ја дава доволно, дури ја поразува; одошто да се (пре)испитаат себеси дали и колку се борат за неа во името на сите и колку ја користат не злоупотребувајќи ја. А против власт тиранска просто е невозможно демократски.

Секој знае што е демократија, а што тиранија. Но, колкумина знаат кога, каде и колку е доволна демократијата, а како и до кога против тиранијата? Не за секогаш и секаде демократија и никаде и никогаш тиранија?

Македонски народни пословици и изреки

Сила Бога не моли, а правдата не прашува.

Кај што има сила, нема правина.

Во село без пци-и без стап се оди.

Пословици и изреки од народи во светот

И една ноќ анархија е полоша од многу години тиранија. (Арапска)

Сечија сила е до време, а Божјата довека. (Српска)

Кој има сила зема со сила, кој нема сила зема со памет. (Кинеска)

Подобро е да се живее макар и еден ден како лав, одошто стотина години како овца. (Италијанска)

Светот се чини мрачен кога очите се затворени. (Индиска)

Латински изреки

Раскарај, па владеј. (Divide et impera)

Кој сее страв, повеќе самиот се плаши; тоа е судбината на тиранијата.

Домисла, гесло, мисла водилка

Дали столбот на срамот ќе го ставиме во Соборот или пред Соборот?
Јутарњи лист

Рекле, издумале

Мој политички идеал е демократијата. Да го почитуваме секој човек како суштество и да не правиме од никого идол.
Алберт Ајнштајн

Силата секогаш ги привлекувала луѓетo со низок морал. Поради тоа верувам дека, без никакви исклучоци, генијалните тирани ги наследуваат никаквеци.
Алберт Ајнштајн

Не е вистинска демократија онаа што не трпи да ѝ се каже дека не е вистинска.
Макс Фриш

Вистинска демократија е онаа која со допуштени средства, исклучиво со ненасилство, ја брани својата слобода, слободата на својата земја и најпосле на целото човештво.
Махатма Ганди

Духот на демократијата не може да се наметнува однадвор. Тој мора да израсне од внатрешноста на народот.
Махатма Ганди

Под поимот демократија јас подразбирам еднакви шанси како за најслабиот, така и за најјакиот.
Махатма Ганди

Мораме да му пружиме отпор на угнетувањето, но не смееме да му нанесуваме зло на угнетувачот-него мораме да го победиме со љубов.
Махатма Ганди

Демократијата е решена загатка на сите устави.
Карл Маркс

Демократијата значи владеење на сите над сите.
Томаш Масарик

Демократијата има свои грешки затоа што ги имаат и граѓаните.
Томаш Масарик

Демократската еднаквост не допушта социјално благородништво.
Томаш Масарик

Треба да се признаат разликите што постојат и треба да се застане на гледиштето дека едни на други немаме што да си диктираме.
Отокар Кершовани

Добро е да се создаде демократија за народот, но постои уште нешто подобро и позначајно: да се одгледа народ за демократија.
Шарл Монтескје

Тиранинот не ги воздигнуваат неговите лични заслуги, туку понизни луѓе што го опкружуваат.
Шарл Монтескје

Нема поголема тиранија од онаа што се спроведува во сенка на закон и под вид на правда.
Шарл Монтескје

Слободата е често фраза; тиранијата е секогаш вистина.
Бранислав Нушиќ

Во твоето сопствено битие е искован синџирот со кој тиранинот те врзал.
Рабиндранат Тагоре

Монархијата е како сјаен брод со раскошни едра: плови величествено, па удира во карпа и засекогаш потонува. Демократијата е како сплав: никогаш не потонува, но по гаволите нозете ти се секогаш во вода.
Отакар Фишер

Диктатурите се еднонасочни улици. Во демократијата владее двонасочен сообраќај.
Алберто Моравија

Сите луѓе како нас се ние, а сите останати се тие.
Радјард Киплинг

Демократија, т.е. неверување во големи луѓе.
Фридрих Вилхелм Ниче

Секаде каде што постои вишок на моќ, таа сака да освојува.
Фридрих Вилхелм Ниче

Демократските установи се карантин за копнежот кон тиранија.
Фридрих Вилхелм Ниче

Во демократскиот поредок воопшто се нуди најмногу простор за развој на големи политички карактери; имено, тој поредок не само што на поединци им нуди можност да му пријдат, туку и ги поттикнува да го манифестираат својот талент.
Георг Вилхелм Фридрих Хегел

Демократијата не е ништо друго, освен рекурентно сомнение дека повеќе од половина луѓе се во право повеќе од половина време.
Елвин Брукс Вајт

Демократијата е процес кој ни гарантира дека со нас нема да се владее подобро отколку што заслужуваме.
Џорџ Бернард Шо

Незнаењето на еден гласач во демократијата ја нарушува безбедноста на сите.
Џон Фицџелард Кенеди

Животот во слобода не е лесен, а демократијата не е никогаш целосна.
Џон Фицџелард Кенеди

Колку што не сакам да бидам роб, толку не би требало да сакам да бидам господар. Ова ја изразува мојата идеја на демократијата.
Абрахам Линколн

Владеење со народ, од народ, за народ.
Абрахам Линколн

Легитимна цел на владата е да стори сè што би требало да стори за заедница на луѓе.
Абрахам Линколн

Гласачкото ливче е појако од куршум.
Абрахам Линколн

Изборите му припаѓаат на народот
Абрахам Линколн

Парите ќе престанат да бидат господар и ќе станат слуга на човештвото. Демократијата ќе стане посупериорна во однос на моќта на парите.
Абрахам Линколн

Демократијата не трча, но таа сигурно стасува на целта.
Јохан Волфганг Гете

Тиранинот гледа дека му се покоруваш, затоа и те сака, зашто има некој кому може да му заповеда.
Јохан Волфганг Гете

Ако тиранинот биде и прободен, сè уште може многу да се изгуби. Тие на Цезар му завидувале на царството, а сами не знаеле со него да владеат.
Јохан Волфганг Гете

Околу кедарот имаше грмушки. А кога од морето дојдоа луѓе и со секири ги сосекоа неговите корења, се подигнува победоносно кликање: Така Господ ги казнува суетните; така ги понижува силниците! И кедарот се урна и ги смачка кликачите кои останаа смачкани под гранките.
Јохан Волфганг Гете

Тиранинот може да го мразат и ропските души, благороден и велик е само оној што ја мрази тиранијата.
Јохан Волфганг Гете

Вистинска демократија сигурно многу подобро ќе обезбедува совет од 25-мина најмудри луѓе на нацијата, одошто Собрание што го наполнило некои 300 лудаци, новокомпонирани богаташи, мативоди, себичници и подмитувачи кај кои почетокот и крајот на демократијата е во нивната личност.
Арчибалд Рајс

Демократијата е најлоша форма на држава ако ги исклучиме сите други.
Винстон Черчил

Најдобар аргумент против демократијата е петминутен разговор со просечен гласач.
Винстон Черчил

Диктаторите јаваат ваму-таму на грбови на тигри и не се осмелуваат да се симнат. А тигрите стануваат гладни.
Винстон Черчил

Деспотот мора да поучува други како се спие; тешко нему ако поучува како се умира, зашто еднаш со сопствена глава ќе ја плати таа лекција.
Карло Бини

Ни владини баталјони не се кадарни да ги заштитат правдата и слободата таму кај што граѓанинот сам не може да излезе пред куќната врата за да види што се случува.
Готфрид Келер

Секое демократско владеење, особено кога се сфаќа лошо и се применува, пати од една своја слаба страна: оние од кои зависи доделувањето на политички позиции веруваат дека секој човек е способен за секоја работа.
Михајло Пупин

Вистинските демократи мораат секогаш, секој час да бараат повеќе слобода, повеќе права од оние што ги има едно општество; тие тоа мора да го бараат барем исто толку за да ги сочуваат старите слободи, колку за да освојат нови слободи.
Душан Поповиќ

Меѓу честити луѓе ветувањата се долгови, а меѓу политичарите-мамки,
Александер Турние

Одговорните луѓе во диктатура се со тврдо срце, во демократија со тврд слух.
Сигмунд Граф

Меѓу малубројните предности на диктатурата се вбројува и таа што таа ја одржува во живот смислата за слобода.
Сигмунд Граф

Демократијата е невозможна без решение на националното прашање, а националното прашање не може да се реши без демократија.
Веселин Маслеша

Демократијата е начин на владеење, но најмногу начин на живеење.
Адолфо Суарез

За создавање демократија важно е да се остави на мира пепелта на минатото и да се свртиме на ѕидање на темелите на иднината.
Адолфо Суарез

Демократијата не значи: Јас сум еднакво добар како и ти, туку: Ти си еднакво добар како и јас.
Теодор Паркер

Ако слободата и еднаквоста, како што мислат некои, се наоѓаат првенствено во демократијата, најдобро ќе можат да се досегнат така што сите луѓе да имаат свој удел во власта.
Аристотел

Единствена стабилна држава е онаа во која сите мажи се еднакви пред законот.
Аристотел

Демократијата произлегува од идејата дека оние што се еднакви во кој било поглед  се еднакви во секој поглед; зашто луѓето се подеднакво слободни, тие тврдат дека се апсолутно еднакви.
Аристотел

Вистинската разлика меѓу демократијата и олигархијата е сиромаштијата и богатството. Кај што луѓето владеат поради своето богатство, без оглед дали се малку или многу, тоа е олигархија, а кај пшто владеат сиромашни, тоа е демократија.
Аристотел

Во демократија сиромашните ќе имаат поголема моќ од богатите, зашто ги има повеќе, а волјата на мнозинството е највисока.
Аристотел

Демократијата настанала од мислењето на мажите дека ако се еднакви во кој било поглед, тие се апсолутно еднакви.
Аристотел

Демократијата ќе плати затоа што ќе се обиде да им одговара на сите. Сиромашните ќе го сакаат имотот на богатите. Демократијата ќе им го даде тоа. Младите ќе сакаат да бидат уважувани како старите, жените ќе сакаат да бидат како мажите, странците ќе ги сакаат правата на староседелците. Демократијата ќе им го даде тоа! Крадците и измамниците ќе сакаат важни државни функции, а демократијата ќе им го даде тоа.
Кога крадците и измамниците ќе ја преземат власта, зашто криминалците и злосторниците целат кон моќ, ќе настане полоша тиранија отколку во кое било време на монархија и олигархија.
Сократ

Да постои нација на богови, таа самата со себе би владеела демократски. Толку совршена влада не им одговара на мажите.
Жан-Жак Русо

Во строга смисла на тој збор, вистинската демократија никогаш не постоела, ниту ќе постои.
Жан-Жак Русо

Цената на демократијата е постојан стремеж на сите луѓе кон општо добро.
Саул Алински

Демократијата не е закон на мнозинство, туку заштита на малцинство.
Албер Ками

Демократијата е неуредна и тешка. Никогаш не е лесно.
Роберт Кенеди Јуниор

Единствен начин да се практикува демократија е да се практикува демократија.
Ху Схих

Демократијата на секоја генерација мора одново да се раѓа, а образованието е нејзина бабица.
Џон Девеј

Демократијата е повеќе од облик на владеење; тоа е првенствено начин на здружено живеење, на заедничко комуницирано искуство.
Џон Девеј

Борбата за демократија мора да се одржува на онолку фронтови колку што културата има аспекти: политички, економски, меѓународни, образовни, научни и уметнички.
Џон Девеј

Демократијата не е сатирична работа. Не стои мирно.
Винсент Хардинг

Во демократија е дозволено да гласате за кандидат кој ви се допаѓа најмалку.
Роберт Бирн

Најлоша грешка на демократијата е што нејзините лидери веројатно ги одразуваат маните и доблестите на своите избирачи.
Роберт А. Хајнлајн

Демократијата е четири волци и овци кои гласаат на вечера.
Роберт А. Хајнлајн

Демократската традиција не унапредува единствен и договорен идеал на народно владеење, туку е попрво арена на дебата во која се расправа за поимот народно владеење.
Ендрју Хејвуд

Демократијата е политички метод, односно одреден вид институционално уредување во кое се доаѓа до политички, законодавни и административни одлуку и поради тоа не е во состојба да биде крај во себе.
Јозеф Шумпетер

Бирократијата не е пречка на демократијата, туку е неизбежно дополнение.
Јозеф Шумпетер

Демократијата не може да успее ако оние што изразуваат свој избор не се подготвени да избираат мудро.
Френклин Д. Рузвелт

Вистинска заштита на демократијата е…образование.
Френклин Д. Рузвелт

Никогаш да не заборавиме дека власт сме ние самите, а не туѓинска моќ над нас.
Френклин Д. Рузвелт

Главен проблем на партиципативната демократија не е како таа да се води, туку како да се дојде до неа.
Крафорд Бруг Макферсон

Демократијата не е само прашање на гласање. Се состои од јакнење на можностите и капацитетите на секој граѓанин да учествува во разгледувањата што се вклучени во животот во општеството.
Фернандо Кардозо

Демократската теорија се занимава со процесите во кои обичните граѓани остваруваат релативно висок степен на контрола над лидерите.
Роберт А. Дал

Сепак, меѓу земјите што најмногу можат да се споредат со Соединетите Држави и кај што демократските институции долго постојат без слом, ниедна не го усвоила нашиот американски уставен систем.
Роберт А. Дал

Либералната уставна демократија треба да обезбеди секој граѓанин да биде слободен и еднаков и заштитен со основни права и слободи.
Џон Ролс

Во суштина, грешката лежи во фактот дека демократскиот политички процес во најдобар случај е регулирано ривалство.
Џон Ролс

Демократија: погребана на небо; но за несреќа уште не ни е соопштено.
Бернард Крик

Методот на демократијата е судирите да се изнесат на виделина кај што нивните посебни побарувања можат да се видат и проценат, кај што за нив може да се расправа и суди.
Џон Дјуи

Образованието е човечко право со огромна моќ на трансформација. Врз неговиот темел почиваат камен темелниците на слободата и демократијата.
Кофи Анан

Демократијата ја проширува сферата на индивидуалната слобода, социјализмот ја ограничува.
Алексис д Торквил

Оние што сакаат да пожнеат благослови на слободата, мораат да се подложат на уморот да ја поддржат.
Томас Пејн

Ние сме Американци затоа што практикуваме демократија и веруваме во републичка влада, а не затоа што практикуваме откриена религија и веруваме во влада заснована на Библија.
Џон Стјуарт Мил

Во навистина рамноправна демократија секој дел би бил пропорционално застапен.
Џон Стјуарт Мил

Промислувањето и дебатата е начин на кој ја разбранувате душата на нашата демократија.
Џеси Џексон

Во Соединетите Држави постои култ на незнаење и секогаш го имало. Напнатоста на антиинтелектуализмот е постојана нишка, потхранувана со лажна претстава дека демократијата значи дека моето незнаење е еднакво добро како и вашето знаење.
Исак Асимов

Демократијата е недовршен експеримент.
Волт Витмен

Мораме да научиме да судиме за нашите општествени и економски избори според тоа дали тие ги оснажуваат немоќните, ја штитат земјата и ја негуваат вистинската демократија.
Џим  Валис

Најдобар лек за болестите на демократијата е повеќе демократија.
Едвард Абети

Демократијата никогаш не се работи. Демократијата е секогаш нешто што нацијата мора да го работи.
Арчибалд МекЛиш

Ако поголемиот дел од светот во кој тие живеат го карактеризира мирна и просперитетна либерална демократија, тогаш тој ќе се бори против мирот и просперитетот, и против демократијата.
Френсис Фукујама

Во демократијата луѓето избираат лидер во кого веруваат. Тогаш избраниот водач вели: „Сега молчи и послушај ме“. Луѓето и партиите тогаш веќе не се слободни да се мешаат во неговата работа.
Макс Вебер

Демократијата, која е шармантен облик на владеење, е полна со разноликост и неред, која дава и некој вид еднаквост на еднакви и нееднакви.
Платон

Демократијата не е толку облик на владеење, колку збир на принципи.
Вудроу Вилсон

Се занимавам со туѓи работи бидејќи немам свои.
Хорациј

Демократијата е несовршен начин на управување меѓу насилството на анархијата и насилството на тиранијата, со најмалку насилство потребно за самоодржување. Од таа причина не сметам дека е таа триумф, но е најдобра опција што сме успеале досега да ја осмислиме.
Кристофер Еклестон

Демократијата требало да ви даде чувство на избор, како Пејнкилер X и Пејнкилер Y. Но обајцата се само аспирин.
Гор Видал

Еден има право да биде во право во демократија.
Гор Видал

Демократијата не знае вистини и поради тоа таа му препушта на мнозинството гласови да реши што е вистина.
Никола Берџаев

Демократијата значи можност да се биде сечиј роб.
Карл Краус

Многу луѓе не успеваат да сфатат дека христијанството, борејќи се за своите принципи, истовремено ги брани и темелите на демократскиот начин на живот.
Иван Мештровиќ

Оној што во својата земја сака да воспостави демократија, не треба да чека дозвола за тоа.
Булент Еџевит

Во САД во основа постои само една партија-бизнис партија. Таа има две крила-демократи и републиканци-кои меѓусебно се малку различни, но заедно носат исти принципи. Јас сум многу против тие принципи, како и мнозинството население.
Ноам Чомски

Нема угнетувачи и угнетени. Постојат само оние народи кои допуштаат да ги угнетуваат.
Кемал Ататурк

Кралските и родителските тирани се разликуваат само според проширеноста на доминионот и бројот на робови.
Семјуел Џонсон

Најдобар облик на тиранија кој светот кога било го познавал е тиранијата на слабиот над јакиот. Тоа е единствената тиранија која трае.
Оскар Фингал Вајлд

Историјата на жените е историја на најлоша тиранија за која светот знае. Тиранија на слаб над јак. Оскар Фингал Вајлд

Диктатор: Постигнав истомисленост. Сите мораат да слушаат. Тиранинот на филозофите: јас ќе изведувам дела, а вие за нив ќе давате оправдувања.
Карел Чапек

Тиранинот умира и неговото управување е завршено. Маченикот умира и неговото управување почнува.
Серен Кјеркегор

Уште никогаш немало тиранија која би траела вечно.
Ерих Марија Ремарк

Тираните уште не откриле синџири кои би ја оковале мислата.
Чарлс Калеб Колтон

Кога сè мора да се согласува, мора нешто да не се согласува.
Станислав Јержи Лец

Секое страшило има амбиција да тероризира.
Станислав Јержи Лец

Теророт како средство на владеење брзо отапува.
Иво Андриќ

Кому законот му лежи во боздоганот, трагите му смрдат со нечовештво.
Волкот на овца свое право има
Како тиранинот на слаб човек.
Но на тиранијата да му се застане со нога на вратот,
Да се доведе кон познанието на правото,
Тоа е човечка должност најсвета!
Петар Петровиќ Његош

Волови трпат јарем, а не луѓе.
Алекса Шантиќ

Мноштвото кое не се сведува на единство создава збрка; единство кое не зависи од мноштво создава тиранија.
Блез Паскал

Правда без моќ е безмоќна; моќ без правда е тиранска.
Блез Паскал

Човечкиот род, како и неговите најмали делови, се дели на два дела: едни ја злоупотребуваат силата против правото, додека други поради тоа трпат.
Ѓакомо Леопарди

Шега на тиранинот: наредил да се убие вистинскиот злосторник.
Габриел Лауб

Народите со кои владеат деспоти се налик на лавови кои имаат алки низ муцките.
Виктор Иго

Деспотот умира со насмевка зашто знае дека по неговата смрт самоволието ги менува само рацете и на ропството му нема крај.
Хајнрих Хајне

Уништувачите на народи го употребуваат на еднаков начин зборот слобода како што папите ги користеле крстоносните војни.
Уго Фосколо

О, синко мој! Човештвото стенка кога ќе се роди некој освојувач, а потоа не му преостанува никаква друга утеха освен надеж дека некогаш ќе се смее покрај неговиот ковчег.
Уго Фосколо

Тираните сè проституираат и упропастуваат.
Јован Дучиќ

Тиранијата е навика што се претвора во потреба.
Фјодор Михајлович Достоевски

Можете да зборувате за тиранијата на Нерон и Тибериј, но вистинска тиранија е тиранијата на вашиот прв сосед. Има ли понасилен и поуспешен шпион од окото на човек кој живее покрај вас? Јавното мислење има продорно влијание. Тоа нè принудува да мислиме со мислите на други луѓе, да зборуваме со зборови на други луѓе и и да попримаме навики на други луѓе.
Валтер Багехот

Меѓу дивите зверови тиранинот е најопасно животно, а меѓу домашните-ласкавец.
Бијант

Ако владееш со народ тирански или со страв од казни, тој ќе те слуша за да избегне казна, но нема да има чувство на чест. Владееш ли со народ со доблест и со помош на неа, народот ќе чувствува чест и почитување.
Конфучиј

Не е важно дали луѓето ме сакаат или ме мразат. Главно е дека се плашат од мене.
Калигула

Благословот на оваа земја е во тоа што мора да надвладее само една тиранија-тинаријата на status quo.
Милтон Фридман

Луѓето помалку се воздржуваат да навредат некого кого сакаат да го љубат, одошто некого кој им влева страв.
Николо Макијавели

Сојузот со моќни никогаш не е сигурен.
Федар

Кој од начелни причини се одрекува од тероризам т.е. од мерки на застрашување и притисок вперени против разуларена оружена контрареволуција, тој мора да се одрекне од политичка доминација на работничката класа, нејзината револуционерна диктатура. Кој се одрекува од диктатурата на пролетаријатот, тој се одрекува од социјалната револуција и може да го пречкрта социјализмот.
Лав Троцки

Насилството може да се покрие само со лага, а лагата може да се одржи само со насилство.
Александар Солженицин

Да им се клањаш на големи луѓе и да се занесуваш со нивните идеали не е срамота. Срамота е да се нема идеали и да се ползи пред тирани.
Виктор Емин Цар

Бунтот против тиранинот е послушност спрема Бога.
Бенџамин Франклин

Од убедувањето дека еднаквата слобода била изворна состојба, следи дека таа сè уште е право на сите луѓе од раѓање.
Бенџамин Франклин

Секој човек…е со општо право и според Божји закони слободен човек и има право на слободно уживање на слободата.
Бенџамин Франклин

Сиот имот што му е потребен на човек за зачувување на индивидуалноста…е негово природно право кое никој не може оправдано да му го одземе.
Бенџамин Франклин

Оние што би се одрекле од основната слобода за да купат малку привремена сигурност не заслужуваат ни слобода ни сигурност.
Бенџамин Франклин

Честото враќање на темелните начела…(е) апсолутно неопходно за зачувување на благословот на слободата и одржувањето на власта слободна.
Бенџамин Франклин

Без слобода на мислата не може да постои ни мудрост; како што ни јавната слобода не може да постои без слобода на говорот.
Бенџамин Франклин

Не ја продавај слободата за да купиш моќ.
Бенџамин Франклин

Утврдување на закони во корист на еден дел од нацијата на штета и угнетување на друг е секако најпогрешната и најпромашена политика…Еднакво распределбата на заштитата, правата, привилегиите и предностите е она на што секој има право и би требало тоа да го ужива.
Бенџамин Франклин

Лошите закони се најлош вид тиранија.
Едмунд Бурк

Фанатичното верување во демократијата ги прави демократските институции невозможни.
Бертранд Расел

Сметам дека една од големите слободи кои демократијата ги донесува е и слободата да се зборуваат глупости.
Роберт Алтман

Демократијата подразбира човек да не биде затворен затоа што бил отворен.
Влада Булатовиќ ВИБ

Суштината на демократијата се состои во тоа што интересот на секој е наедно интерес и на заедницата.
Томас Вудроу Вилсон

Leave the first comment