Потребно време за читање: 10 минути

91. Болка-Заболување-Болест

Нема болка што не може да се совлада, нниту болка што макар со време да не се излекува. Ама има болка што не се преболува, не се заборава и повторно рана отвора.

По долга, та предолга болест, исто како по болести една по друга и една во друга, најчесто  со време, но и предвреме и повреме човек се лечи или се предава оти е болеста неизлечива. Бара и волја и надеж и сила за да се надвладее или со неа до смрт да се живее.   

Најдлабоката болка, најтешкото заболување и долго излечива или неизлечива болест  ја предизвикува љубовта, особено љубовта на самотник.

Македонски пословици и изреки

Лоша болка има во срцето, завали.

Дури е в постела болниот, ќе му земи поеќе пари еќимот.

Еќим душа не дава, ама болниот со полесно го оздравуат.

Еќим на веков не ќе требаше, ако болес немаше.

Појди кај болен, покади го и поразгоори го.

Болен лежи лошио чоек, на постела ет и пак од лошото не се остаа.

Болен се кани да јади, а здравио и да не го каниш ќе си јади.

Болес душа не вади: болнио станува, здравио умира.

Болес душа не вади, ама тешко му на тој што ќе пати.

Гајрет на болниот, дури да му излези душата (од грчка).

Болеста ет по луѓето, а не по планињето и камењето.

Болеста со оки иди и со драмој си одит. Болеста со коли иди и со тоари излегуа. Болес со оќи иди и со игла си одит.

Болеста је како пијаица што се ваќа за чоека.

Болнио во болеста најмногу за грео се сеќаа.

Болниот душа бери и пак се надеји да стани. Али: болнио душа бери и пак не веруа оти ќе умрит.

Куса болес, благи конец.

Му помина болеста како на некое куче.

Му помина светрум болеста.

По смрт болес.

Секоја болес си има и лекот.

Ами јас лели ти велам оти му је лоша болеста.

Арна лична беше сирота, ама пустата болес ја расипа.

Арна му беше работата, ама го сотре болеста.

Болен денеска, неолен утре, дури да врли плочите.

Болен лежи токмо три години. Али: болен лежи токмо девет години.

Вакваа болес, откоа се родил, не беше видел.

Во живото негов болес не беше видел, како што виде сега.

Го превати болеста од татка си.

Да го жалат чоек на болеста што ја имат сиромаио.

Зер малце болес виде, да сакаш да је црвен.

Има многу да пати и да види од таа пуста болес.

Косата му прекапа од пустата болес.

Немилостивата болес го изеде.

По болес и здравје Госпо ќе му даи, арно ама никогаш, никогаш не се поболил, сè си је здрав.

Пуста болес што је лоша, цели куќи запустуа.

Со таа пуста болес сета стока си ја изеде.

Тешки греоји има да плаќа со оваа пуста болес.

Тешко на болнио и на куќата негоа.

Толкуа години болес не видел; сè здрав си живеит.

Болес душа не вади, ами дено душа вади.

Пустата болес го сотре.
Умре.

Пустата болес што је лоша, цела куќа запустуа.

Од која болес лежи, од таа си блада.

Куќа што не á видуа сонце, еќимо ќе á видуа.
Болес ќе има.

Сто стапа на туѓ грб не болат.

Пословици и изреки од народи во светот

Човек може да поднесе и најтешки болки, но врвот на неговата трагика е во часот кога ја губи маската, а не може да ја замени со друга, и е присилен да живее гол. (Арапска)

Љубовните болки се слатки, но тешко се лечат. (Германска)

Латински изреки

Ние сме прав и сенка. (Pulvis et umra sumus.)

Солзите нам ќе ни недостасуваат попрво од причините за болка. (Lacrimae nobis deerunt, ante quam causae doloris.)

Домисла, гесло, м исла водилка

Последиците се она што ве боли кога сите делови на телото се чувствуваат добро.
Анонимус

Рекле, издумале

Болката има сила што нè поправа: таа нè прави поблагородни и нè поучува за длабоката смисла и вредноста на животот.
Чезаре Канти

Болката го поттикнува човека да мисли. Мислата го прави човека мудар. Мудроста го прави животот поднослив.
Џон Патрик

Само сродната болка ни предизвикува солза и секој плаче всушност токму поради себеси.
Хајнрих Хајне

Човечката душа се навредува самата себеси ако допушти да ја совлада наслада или болка.
Марко Антониј Аврелиј

Да се сака да се избегне неизбежното, значи да се зголемува сопствената болка.
Чуанг-Це

Вистинските болки ја презираат утехата на зборовите.
Алесандро Франческо Манцони

Од нов јад старата болка ќе помине.
Вилјем Шекспир

Изрази ја својата болка со зборови! Болката која не зборува го задушува полното срце додека не пукне.
Вилјем Шекспир

Да се воздивнува над минат јад е најсигурен начин да се привлече нов.
Вилјем Шекспир

Зад радоста и смеата може да се крие груб, непријатен и нечувствителен човек, но зад болката е секогаш само болка.
Оскар Фингал Вајлд

Среќата нè собира, но болката нè соединува.
Оскар Фингал Вајлд

Раната што се крие бавно и тешко се зацелува.
Иво Андриќ

Поубава душа подлабоко лелека.
Иво Андриќ

Болест е сиромашка судбина, но и богаташка казна.
Иво Андриќ

Што не боли-тоа не е живот; што не минува-тоа не е среќа.
Иво Андриќ

Не е најлошо тоа што се пати ни што се умира, туку тоа што се старее. Зашто стареењето, тоа е патење без лек и надеж, тоа е смрт која трае.
Иво Андриќ

Стварниот живот не ги сочинуваат нашите планови за среќа, туку баш она што се противи на тие планови и намери, она што се случува случајно, што е сосема непредвидливо и што предизвикува само разочарување и болка.
Алберто Моравија

Тешко ти станува кога нешто доаѓа на крајот, како кога ќе се исечеш, имаш отворена рана и тешко ја поднесуваш таа болка.
Џенифер Анистон

Заедно со неблагодарноста, најболно нешто е да се сноси благодарност.
Хенри Вард Бичер

Дел од лекот се наоѓа во желбата да се излечиме.
Луциј Анеј Сенека

Времето ги лечи болките.
Луциј Анеј Сенека

Болката повторно нè соединува со Бога.
Данте Алигиери

Болно е да се сеќаваш на среќни денови.
Данте Алигиери

Најубави цветови се оние што никнале на корен на болка.
Данте Алигиери

Колку малку фантазија имаме за болката што им ја нанесуваме на други!
Фридрих Ниче

Под болест треба да се подразбира: прерано приближување до староста, грдотијата и песимистичките судови.
Фридрих Вилхелм Ниче

За целосно освестување неопходна е болка.
Карл Густав Јунг

Човек во несреќа поднесува само една болка-тоа е болката на други.
Рене Лериш

Што се најпосле твоите сопствени болки? Дури кога твојата сопствена болка ќе се рашири и ќе се здружи со болката на народот, на човештвото. Пеј за неа. Инаку си смешен, и тоа со право.
Отон Жупанчич

Ниедна врска не здружува две човечки суштества толку јако, како врската во болка.
Роберт Саути

Ништо не нè прави толку големи како голема болка.
Алфред де Мисе

Човекот е ученик; болката е негов учител.
Алфред де Мисе

Воздишката болки предава, но не ги ослободува.
Публилиј Сириј

И невините болката го тера на лага.
Публилиј Сириј

Душевната болка е потешка од телесната.
Публилиј Сириј

Лошите веруваат дека ни сториле големо добродетелство ако не ни нанесуваат болка.
Публилиј Сириј

Божествено дело е да се ублажи болка.
Асклепиј

Големи болки бараат големи души. Само големи души поднесуваат големи болки.
Божидар Кнежевиќ

Болеста не доаѓа веднаш, како од ведро небо, туку е тоа последица на долга низа многу незначителни грешки против здравјето кои се надоврзуваат една на друга и растат како затркалана грутка снег, додека еден ден на се натрупаат врз главата на грешникот.
Хипократ

Да се јаде болен, значи да се храни болест.
Хипократ

За време на болест филозофијата без Бога не вреди ништо.
Артур Шопенхауер

Двајца непријатели на човечката среќа се болката и здодевноста.
Артур Шопенхауер

Патењето што ни е нанесено од природата или случајно, никогаш толку не боли како намерното патење нанесено од страна на друго лице.
Артур Шопенхауер

Здравјето ги надминува сите можни добра толку значително што здравиот просјак е посреќен од болниот крал.
Артур Шопенхауер

Ако не обрнуваш внимание на болеста, таа ќе замине.
Џејмс Трубер

Хипохондарот е човек кому му е добра кога му е лошо.
Отакар Фишер

Убавината на мажот и жената секогаш им донесува повеќе болка одошто радости.
Николо Томазео

Човек кој не пател не знае да биде сопатеник.
Николо Томазео

Човек кого болка не го одгледува останува секогаш дете.
Николо Томазео

Среќата е отсутност на болка.
Барух Спиноза

Кога нема болка, тоа е крај на чувството. Секое наше задоволство е трговија со ѓаволот.
Чарлс Буковски

Ничие патење не е поголемо од она што го одредила природата.
Чарлс Буковски

Ние сме создадени за болка. Солзите за срцето се она што е водата за рибите.
Гистав Флобер

Кој би можел да ги одреди границите каде сласта преминува во болка, а каде е болката уште сласт.
Оноре де Балзак

Сите што пателе знаат да простуваат.
Оноре де Балзак

Патењата се нашите најдобри учители. Човекот низ солзи гледа подалеку отколку со телескоп. Жалоста би морала да биде учителка на мудроста.
Лорд Џорџ Гордон Бајрон

Нема поубава надеж од онаа што никнала од тага и нема поубави соништа од оние што ги раѓа болката.
Иван Цанкар

Нема достоинство кое не би се стопило во болка.
Жан-Пол Сартр

Боолката е вистина; сè друго е подложно на сомнеж.
Џон Максвел Коеци

Од љубовни јадови нема поголеми и ним им се предавам.
Неџад Ибришимовиќ

Не лелекај многу над ситни болки, зашто судбината би можела да почне да те лечи-со крупни.
Пабло Неруда

Оној што сее семе на смртта и болката, не може да ожнее среќа и љубов.
Питагора

Го запрашав животот што е во него прастаро. Некој дамнешен ми одговори: болката е прастара.
Весна Парун

Тешко е да се верува дека љубовта и болката се обврзници што се купуваат без каков било план и кои доспеваат сакаш-не сакаш, и кои се откажуваат без какво било претходно известување за да се заменат со некакви хартии што случајно боговите во тој час ги пуштаат во оптек на пазарот.
Вилијам Фокнер

Што е љубовта? Тоа е долга прилика за болка.
Михаил Еминеску

Болката ни говори дека постоиме. Болката ни говори дека постојат оние што ги сакаме. Болката ни говори дека постои свет во кој живееме.
Мигел де Унамуно

Болката не треба да ја надвладее свеста.
Аристотел

Кога болви касаат, ни лавот не се смешка.
Хабиб Бургиба

Големите болки се плод на нашата необуздана страст.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Болката е исто така неизбежна како и смртта.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Несреќата доаѓа на крилја, а заминува пеш.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Не е срамота човек да ѝ подлегне на болката. Срамота е да му се подаде на уживањето.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Ако те снајде некаква болка, застани мирно и прашај ја што сака од тебе.
Емануел Гајбер

Нема болка која времето не би ја намалило и ублажило.
Цицерон

Омразата и стравот се болни состојби на умот. Дотолку повеќе, станува збор за болести кои го обележале нашето време.
Хари Оверстрит

Јас сум спас. Јас давам разрешување од болка, од патење, од одговорност. Во моја прегратка должност е само да се сонува. Јас сум мир, вечен сон. Јас сум СМРТ.
Ерик Ван Лустбадер

Ако болката мора да дојде, нека биде тоа брзо. Зашто животот е пред мене и морам да го искористам како е можно најдобро. Ако изборот е пред неа, нека се одлучи веднаш сега. Потоа ќе ја чекам или заборавам.
Пауло Коелјо

Без болка не би имало ни патење, без патење не би научиле од нашите грешки. Болката и патењето се клуч за сите прозорци. Без нив не постои начин на живот.
Анџелина Џоли

Без оглед на сета болка што ја предизвикува, историјата не може да биде поништена, но ако ѝ се пристапи храбро не мора да биде повторена.
Маја Ангелоу

Болката е најголема сила на љубовта.
Стивен Кинг

Јас сум веќе до душа уморен, газда, од болката што ја слушам и ја чувствувам. И уморен од живот на улица, само како врабец на дожд. И никогаш ни пријател да ми каже од каде доаѓаме, каде одиме или зошто. Уморен од луѓе кои лошо се однесуваат еден спрема друг. Тоа ми е како да имам скршено стакло во главата. Уморен од тоа колку пати сакав да помогнам, а не можев. Уморен од живот во мрак. И речиси сето тоа е болка, и премногу. Да можев да го прекинам тоа, би го прекинал. Но не можам.
Стивен Кинг

Болката е татко, а љубовта мајка на мудроста.
Лудвиг Борн

Болката пшто сега ја чувствувам порано беше среќа. Тоа е тоа.
Клајв Стејплс Луис

Душевната болка е помалку драматична од телесната болка, но е многу почеста и многу потешка за поднесување. Честиот обид да се сокрие душевната болка го зголемува товарот; полесно е да се каже „Ме боли заб“ одошто „Срцето ми е скршено“.
Клајв Стејплс Луис

Болката ми вели: Јас сум и додека сум си и ти.
Ранко Маринковиќ

Болката на разделбата е ништо во споредба со радоста при повторна средба.
Чарлс Дикенс

Болката сама ја уништува болката. Патењето го ослободува човекот од патење.
Џиду Кришнамурти

Чекањето е болно, да се заборави е болно, но да не се знае што да се стори е уште полош вид патење.
Марсел Ахард

Човекот е зависен од разумот како болниот од болеста која го убива.
Борислав Пекиќ

Да му бидеш некому причина за болка или радост, а да немаш на тоа никакви посебни права-не е ли тоа најслатка храна на нашата гордост? А што е всушност среќата? Заситена гордост.
Михаил Лермонтов

Добар лекар ја третира болеста; голем лекар го третира пациентот кој има болест.
Вилијам Ослер

Лелекот се слуша без оглед дали тепаш или тебе те тепаат.
Хенрик Ибзен

Една од добрите страни на музиката е што кога ќе те погоди не чувствуваш болка.
Боб Марли

Една од главните задачи на теологијата е да се пронајдат зборови што не делат, а обединуваат, да не создаваат судир, а да прават единство; да не болат, а да заздравуваат.
Јозеф Михаил Новен

Како што вели старата пословица, перото држи три прста, но работи целото тело. И боли.
Умберто Еко

Луѓето имаат неугодна навика да произведуваат патење.
Веи Хуи

Луѓето што трпат болка мислат дека никогаш доволно не учествуваме во нивната болка.
Семјуел Џонсон

Луѓето кои живеат лагоден живот отрпнале на неволјите и јадовите на човештвото како хирурзите на телесната болка.
Филип Стеноп

Човечките дела ги просудуваме според тоа колку ни даваат задоволства или ни задаваат болки.
Анатол Франс

Сите промени се тажни, дури и оние што најмногу ги сакаме зашто она што го оставаме, тоа е дел од нас самите; треба да се умре за еден живот за да се влезе во друг.
Анатол Франс

Ние повеќе се стремиме кон тоа да избегнеме болка, одошто да сретнеме радост.
Сигмунд Фројд

Некогаш вашите надежи, а не болки ја обликуваат вашата иднина.
Роберт Харолд Шилер

Ништо не доаѓа во вистинско време, животот ништо не ни дава во оној момент кога сме подготвени. Поради тоа неработење, поради тоа доцнење нашите болки се долготрајни. Мислиме дека некој се поигрува со нас. Но, еден ден сепак забележуваме дека во сè сепак постои чудесен ред и поредок.
Шандор Мараи

Постојат рани кои ни времето не ги лечи.
Шандор Мараи

Носталгијата ја исфрлив од употреба. Зборот носталгија значи-враќање на болката.
Душко Трифуновиќ

Насмевката е најдобар начин да се соочиме со секој проблем, да скршиме секој страв и да сокриеме секоја болка.
Вил Смит

Претворете ги своите рани и болката во мудрост.
Опра Винфри

Првите патила, како и првата љубов, не се повторуваат.
Иван Тургењев

Љубовта има свои патила, за секое животно доба.
Иван Тургењев

Раните можат да бидат фатални или со време сраснуваат во лузни. Таквите лузни раскажуваат приказни.
Џо Бака

Кога ќе победиш, не боли ништо.
Џо Намат

Кога ќе го погоди чувството на болка, неукиот човек чувствува две болки-телесна и ментална. Но кога мудрецот ќе го погоди чувството на болка чувствува само една болка-телесна, но не и ментална.
Гаутама Буда

О монаси, постај два вида болести: физичка болест и ментална болест. Постојат луѓе кои како да се лишени од физички болести во текот на година или две, и во текот на сто години и повеќе. Но, ретки се оние во овој свет кои се лишени од ментална болест дури и за момент, освен оние што се ослободиле од менталните нечистотии.
Гаутама Буда

Раѓањето е патење, болеста е патење, староста е патење, да се биде врзан за она што не се сака е патење, разделбата од оној што се сака е патење, да не се добие она што се сака е патење.
Гаутама Буда

Тенка е линијата меѓу смеата и болката, комедијата и трагедијата, хуморот и навредата.
Ерма Бомбек

Севишниот Бог не ни даде никаква болест, а за неа да не дал лек-освен староста.
Мухамед

Здравиот човек има илјада желби. Болниот само една.
Антон Павлович Чехов

Против болест наоѓаме заштита, но што се однесува на смртта ние луѓето живееме во град без ѕидини!
Епикур

Секој лекар е како Вилјем Тел: му треба многу знаење и вештина за да ја погоди болеста, а не болниот. Болеста е најчесто мала, а болниот многу поголем. Утешно е само тоа што ни болеста не може да преживее грешка на лекарот.
Душко Радовиќ

Целта на моралот е да ве научи не да патите и да умрете, туку да уживате и живеете.
Ајн Ранд

Не боли она што е, туку она што не сте станале.
Оскар Левант

Единствена сигурна вистина е таа дека човекот стрепи и страда, единствена вистинска стварност е стварноста на нашето патење.
Владан Десница

Секогаш е подобро да се поставуваат прашања, одошто да се создаваат претпоставки. Зашто претпоставките водат во патење.
Дон Мигел Руиз

Мирниот дух е најдобар зачин за болката.
Тит Мациј Плаут

Луѓето плачат не затоа што се слаби, туку затоа што биле предолго јаки.
Џони Деп

Во трагедија секогаш учествуваме. Комедијата само ја посматраме.
Алдоус Хаксли

Огледалото е мојот најдобар пријател зашто кога јас плачам, тоа никогаш не се смее.
Чарли Чаплин

Болката е неизбежна, меѓутоа патењето е работа на избор. За да се трпи се бара повеќе храброст одошто да се умре.
Наполеон I Бонапарта

Оној што не плаче, не гледа.
Виктор Иго

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here