10. Крстопати
Еден, па друг, па трет
крстопат на пат кон негде.
Уште колку? Уште колку?
11. Роднини
Далеку, предалеку
се моите роднини
уште живи, уште
понекој мртов.
А јас до смрт близу,
секогаш со нив.
12. Самозалажување
Се лаже тој и лаже,
се самозалажува
дека од скоро нема
да живее лажно.