НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

47. За ништо

Може малку и многу, може сè
да заживува, да расте и зрее,
да се извишува, да вкоренува
пред огнови кои пеплосале,
преселиле, раселиле, завеале
низ светот векови пустошни
на мртви народи
за ништо, баш за ништо.

Затоа што огновите сами
ниту гаснат, ниту некој
ветар може да ги угасне,
кој носи собитија
на разнебитување.

Имало, има и допрва ќе има
пустелија без живот во смрт
која нема ново траење
на сопствено постоење;
нема своја надежност меѓу
изгрејсонца и зајдисонца
дека во еден Божји ден
ќе се испреплетат траги крв
на предци и потомци,
што ќе водат до нова земја
невина, чиста, плодна,
доволна за сè,
за ништо, баш за ништо.

Знам колку ќе треба бос и гол
со чекор непоколеблив
да одам кон прва и последна
догледна цел
на живот, со живот, во живот
за ништо, баш за ништо.

Leave the first comment