НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

41. Две тајни

Мојата тајна само моја,
твојата само твоја
да останат тоа што се
зашто друго не можат
и не треба да бидат.

Некогаш можеби
ќе си ги откриеме
меѓусебно?

Ако решиме некогаш
повеќе да не се тоа,
ќе ги престориме
во две нȇми стени
со секогаш заеднички,
со секогаш блиски,
испреплетени сенки;
замолчени во зборови,
студени и топли,
спокојни и страсни;
на земја, на небо,
на сонце, на месечина,
меѓу ѕвезди.

Ако, пак, решиме
секогаш да се
тајни мои и твои,
значи да се
што уште не се,
ќе обзнаниме дека
сме игра без престан
на љубов жизнена
затоа што достојуваме
на ветромет.

Leave the first comment