НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

36. Ништо

Ништо од нешто во сешто
не излегува на виделина
ни во рано утро, а ни сега,
ни среде ноќ, а ни утре
за да заживее совреме
и да закорени, па сетне
да зароди за преживување
на мисла со понекој збор
пред народ обневиден.

Ништо за сешто во нешто
не е постојано од секој
што загледан далеку
пред себе согледува колку
скоро сè ќе биде соголено
живо од мртво до смрт,
живо сосе само умирање.

Ништо во сешто нешто
не преживува
ни ден како нова ноќ,
ни ноќ како дамна ден
во свеста на човек
кој нема нигде да е што е
меѓу крај на почеток
и секавица што секне
пред пламена навалица
на самосвесно траење.

Leave the first comment