28. Премалени
Премалени од години
и невремиња,
јас и земја веќе
не чекаме да ни самне,
туку тргаме кон
наш последен пат
што води во неврат.
Нè премалија години
и невремиња
во мене, во неа
сосе родни семиња
незаживеани,
сосе плодни огнови
невкоренети;
коски без срцевина,
стени соголени
до бесмисен опстој.
Премалени
јас и земја тргаме кон
наш последен пат
што води во неврат
дека не остана ништо
од нас, зад нас, за нас
како
трага на постоење
меѓу стварност и сон.