Потребно време за читање: 4 минути

56. Пари

Пари имам-пари немам. Кога ги имам, најчесто ги немам. Не само достатно, туку и нужно.

Кога ги немам, не сум спокоен, не сум рамнодушен, не сум безбеден, не можам да достојам пред други. Сè додека не ги најдам, не ги стекнам, не ги заработам, не ги добијам на подарок или на заем. Особено кога сум се задолжил од што немам или сум имал, ама не до што требало и можело.

Пари немам, ама имам друго. Што? Што не се купува со пари? Што не се продава за нив? Па…

Македонски народни пословици и изреки

Од жена кој маж зема пари, мараз ќе си отвори.

Од жена кој маж зема пари, нека си чекат кавги и ѓурултии.

Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит.

Од женцки пари браќа се делиле и се истепале.

Пословици и изреки од народи на светот

Парите не го праат човекот ссреќен, но ги прават помалку несреќен. (Англиска)

Кога на пријател ќе му позајмиш сто долари, а тој повеќе никогаш нема да се појави, знај дека е тоа добро вложен труд. (Англиска)

Нема подобар пратеник од парите. (Арапска)

Кога пес има пари, му се обраќаат со „Господине“. (Арапска)

Златото не овори, но многу твори. (Украинска)

Кога недкој човек ќе ти здодее, позајми му пари. (Украинска)

Немаш ли грош, секогаш си лош. (Бугарска)

Сè се може со пари; ако не може со пари, тогаш може со повеќе пари. (Српска)

Кога некому ќе му позајмиш пари, или ќе ги изгубиш парите или пријателот. (Српска)

Кој околу вратот полна кеса има, не може да се најде на бесилка. (Руска)

Парите и бог се родени браќа; ако имаш пари и богот ќе го задобиеш. (Бенгалска)

Ако ти должам сто долари, тоа е мој проблем; ако ти должам сто илјади, тоа е твој проблем. (Американска)

За пари и бог може да се купи. (Корејска)

Латински изреки

Ретки се оние на кои чесноста им е помила од парите.

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 133

Рекле, издумале

Парите се клуч кој ги отвора сите врати: ако се оди напред, сите патишта се отворени.
Баптисто Поквелин ди Молиер

Парите се клуч кој ги отвора сите врати; ако оди напред, сите патишта се отворени.
Молиер

Со пари си змеј, без пари црв.
Херодот

Кога се во прашање парите, сите се од иста вера.
Фансоа Мари Аруе Волтер

Парите ја покажуваат својата вредност во моментот кога од нив се лишуваме.
Д-р Семјуел Џонсон

Парите не прават среќа, но сспречуваат многу несреќи.
Д-р Семјуел Џонсон

Луѓето подлабоко им се поклонуваат на бисаги полни со пари, отколку на глави полни со мудрости.
Аугуст фон Коцебу

За човек да биде независен и непристрасен, треба да има полни џебови со пари.
Чарлс-Јозеф принц д Лињ

Парите е полесно да се стекнат, одошто да се зачуваат.
Мишел Ејкем д Монтењ

Им се восхитуваме на талентот, храброста и големите достигнувања, а ги почитуваме само парите.
Анри Бек

Ако парите навистина не донесуваат среќа, тогаш вратете ги.
Жил Ренар

Кога бев млад, верував дека парите се најважни во животот. Сега, кога остарев, тоа го знам.
Оскар Фингал Вајлд

Кога некој тврди дека со пари може да постигне сè, бидете убедени дека тој никогаш немал пари.
Аристотел Оназис

Оние што зборуваат дека со помош на пари можат да постигнат сè, во состојба се за пари да сторат сè.
Бенџамин Франклин

Парите се човечка среќа во апстракција: оној што повеќе не е во состојба да ужива во човечката среќа конкретно, им се посветува на парите целосно.
Артур Шопенхауер

Кога немам пари, се чувствувам беден секаде каде што се наоѓам. Тоа морам да го надминам, а најдобар начин е да ставам в џеб сто златници и да ги носам цела година. Постојаната тежина на златото ќе го отстрани непријатното чувство на невреденост.
Анри Бејл Стендал

Вредноста на парите е таква што на секому можеме да му речеме да оди по ѓаволите. Тоа е шестата причина да уживате во петте претходни.
Сомерсет Могам

Парите се најважната работа на светот. Тие претставуваат здравје, сила, чест, благородност и убавина, а жедувањето по нив претставува болест, слабост, срамота, безначајност и грдотија.
Џорџ Бернард Шо

Колку имаш, толку вредиш.
Хорациј

Ништо не е така утврдено да не може да се освои со пари.
Цицерон

Никој не прашува од каде имаш, но треба да имаш.
Децим Јуниј Јувенал

Изгубени пари се оплакуваат со искрени солзи.
Јувенал

Кој пред доларот клечи на колена, тој потоа не е во состојба да клекне пред што било друго.
Аптон Синклер

Каде се парите, таму е и власта.
Џон Голсворти

Најубавата особина на парите е во тоа што со нивна помош може на други да им се причини радост. Но тоа го прават само мал број од оние што ги имаат.
Перл Бак

Стекни што можеш повеќе, чувај што можеш повеќе, дај што можеш повеќе.
Џон Весли

На состојбата на среќа парите создаваат можност да трае подолго.
Франсоа Саган

Парите се како времето; не го губете, па ќе ги имате доволно.
Франсоа-Гастон д Левис

Она што го растураме, му го одземаме на наследникот. Она што шкрто штедиме, си го одземаме на себеси. Средниот пат е правичен за себе и за други.
Франсоа Ла Рошфуко

Доста луѓе ги презираат парите, а малку ги има што ги даваат.
Франсоа Ла Рошфуко

Парите се како жена; за да ги сочуваш треба со нив малку да се позанимаваш-тие заминуваат да усреќат друг.
Пол Бурже

Не е злото во парите, туку во среброљубието.
Јован Хризостомос

Секој прашува само за пари, а не за чесност. Ако е сиромав, тој е неранимајко; ако е богат, тој е исправен.
Плаут

Ние ги сметаме економските услови како оној фактор што во крајна инстанца го условува историскиот развиток.
Карл Маркс

Што не можам како човек, значи што не можат моите индивидуални суштествени сили, тоа го можам со помош на пари.
Карл Маркс

Парите се клуч кој ги отвора сите врати.
Вилјем Шекспир

Никогаш нема да имате толку пари, колку што мислите дека заслужувате.
Роберт Ентони

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here