46. Надеж-Надевање-Верба-Верување
Македонски народни пословици
Кој се надеи на надеш, не ќе има вадеш.
Таткото и мајката голема надеж имаат од челадта.
Надежта е добар појадок, ама лоша вечера.
Од надеачка немат живеачка.
За грешка ако не те казнат, казни се. Во протива живот ќе живејш, ама душа ќе ти ет горделива и сè полута.
Варди се од оној што нема вера и што не веруа у Бога.
И на себе и на други да веруаш, ама никоаш да не заборааш добри рабоќе да прајш.
Вера нито се купуа, нито се продаа, а најлошо е да им се остаи на друзи.
Ти мојш и планина да преместиш! Не чекај, премести ја коа ти застојала на пато.
Ако не веруваш дури можиш, нема да ти веруваат кога ќе мораш.
Пословици од народите на светот
Надежта е леб за несреќникот. (Персиска)
Надежта е повеќе храна за сиромавиот отколку за богатиот. (Руска)
Надежта е како млекото: ако малку подолго се држи, се скиселува. (Италијанска)
Надежта има длабоко дно. (Чешка)
Од златни сништа луѓето се будат гладни. (Англиска)
Надежта е богата со илузии. (Француска)
Кој живее во надеж, игра без музика. (Германска)
Подобро е да им веруваш на своите очи, отколку на туѓи зборови. (Балкански народи)
Сè додека на човек главата му е на раменицит, ништо не е изгубено. (Виетнамска)
Ако посадиш „ако“ и „кога“, ќе никне „ништо“. (Турска)
Оној што има здравје, има надеж; оној што има надеж, има сè. (Арапска)
Ранетиот воин сè уште може да стане дедо. (Кинеска)
Направи што треба, ќе дојде што може. (Српска)
И ловецот и уловениот веруваат во Бога. (Турска)
Латински изреки
Верувај, само внимавај кому му веруваш! (Fide, sed cui, vide!)
Додека дишам (живеам), се надевам. (Dum spiro spero.)
Во неволја не заборавај дека ќе дојдат подобри времиња. (In rebus adversis meliora sperare memento.)
Верувај, но внимавај кому.
Домисла, гесло, мисла водилка
Единсвено е среќен оној што изгубил секоја надеж, зашто надежта е најголемо мачење, а безнадежноста најголема среќа.
Махабхарата
Во што се состои вербата?
Да се прави што е можно помалку зло, а добро да се прави во изобилие.
Тоа не се празноверни ритуали кои треба да се исполнат.
Добрина спрема послабите, почит спрема оние што тоа го заслужуваат, контрола над самиот себе и добронамерност спрема сите суштества.
Ете го ритуалот кој треба да се исполнува на секое место. (Будистички запис)
Ќе бидеме она во што веруваме. Ќе бидеме онолку колку што веруваме.
Суфистички мислител
Кога човек очајува, секогаш треба да се надева, а кога се надева треба да се сомнева.
Анонимус
Рекле, издумале
И по лоша жетва треба да се сее.
Луциј Анеј Сенека
Кога ќе престанеш да се надеваш, ќе прфестанеш да стравуваш.
Луциј Анеј Сенека
Помалку уживаме во она што сме го постигнале, туку во она на што се надеваме.
Жан-Жак Русо
Човек не живее само од храна; тој живее најмногу од верата и надежта.
Жил Мишеле
Треба секогаш да имаме една идеја на цвеќето на надежта, иако тоа цвеќе не е одредено да донесе плод.
Паоло Мантегаца
Кога е сè изгубено и кога веќе нема надеж животот е тогаш срамота, а смртта единствена должност.
Франсоа Волтер
Верувам зашто е бесмислено.
Тертулијан
Верувам за да сфатам.
Августин
Кој ништо не знае, мора да верува на сè.
Пабло Неруда
Она во што веруваш, тоа и постои
Максим Горки
Луѓето тежнеат кон верувања кои одговараат на нивните страсти.
Бертранд Расел
Нам не ни треба моќта на верување, туку желбата за сознание.
Бертранд Расел
Надежта, без оглед колку е измамничка, нè води по пријатен пат.
Франсоа Ла Рошфуко
Цветот на надежта цути и во најдлабока темнина. Кој секогаш се надева, умира пеејќи. Надежта е леб на сиромавиот. Надежта е сон на будни. Надежта е добра за појадок, но не и за вечера. Кој се храни со надеж, умира гладен. Надежта е слаб водич, иако може да биде добар сопатник.
Лорд Џорџ Сарли Халифакс
На човек може да му се забрани сè освен надевање во иднината.
Леон Гамбета
Единствено надежта не го остава човекот ни на умирање.
Катон
Не полагај надеж во смрт на друг.
Катон
Човек треба цврсто да верува дека несфатливото ќе стане сфатливо. Ако не го прави тоа, ќе престане да истражува.
Јохан Волфганг Гете
Од синџирот на верувањето само разумот ќе те спаси.
Јохан Волфганг Гете
И во мрачен ден и во темна ноќ и во длабината на душата светли зрак надеж.
Рудолф Штајнер
За што служи верувањето, освен ако не да се верува во она што не се гледа.
Свети Августин
Верувам затоа што е апсурдно. (Credo quia absurdum.)
Свети Августин
Луд е оној што верува во питом волк, во коњско здравје и заклетва на блудница.
Вилјем Шекспир
Во вакуум растат сите можни празноверици.
Фридрих Ниче
Кој бавно верува, покажува зрел ум.
Балтазар Моралес Грацијан
Ако си сигурен во она во што веруваш, не плаши се од проверка.
Свами Рама
Надежта е тврдоглава: единствено таа знае да чека.
Луј Арагон
Надежта е таа што го одржува поголемиот дел од човештвото.
Софокле
Работа без надеж е нектар во решето.
Перси Биш Шели
Надежта е мошне жилаво растение кое не се дава лесно да се искорние: без оглед коллку гранчиња ќе оттргнеш, пак ќе избијат нови никулци.
Исидора Данкан
Во секој свадбен колач надежта е послатка од смоква.
Овидиј
Верувањето и знаењето се однесуваат едно спрема друго како тасови на вага: колку еден ќе се спушти, толку друг се крева.
Артур Шопенхауер
Верувањето не ги решава проблемите, туку само ги одложува.
Лудвиг Фоербах
Кај многу луѓе неверувањето во една работа е засновано на слепо верување во друга работа.
Георг Кристоф Лихтенберг
Обете се погрешни: и верување на сите и неверување никому.
Хорациј
Инспирацијата често отворено ги напаѓа интелигенцијата и природниот ред на нештата. Треба да се гледа со детски очи и да се повикува Месечината. Треба да се сака Месечината и да се верува дека можат да ни ја стават в раце.
Федерико Гарсија Лорка
Верувањето е морален акт за кој оној што верува мора да има чувство на одговорност.
Кортни Хоџис
Човек над чија влезна врата е обесена потковица запрашан дали е толку суеверен одговорил: „Се разбира не сум, но велат дека помага и кога човек не верува во тоа“.
Вернер Хајзенберг
Мојата вера, тоа е мојата надеж. Да се надеваш-ете ја мојата извесност.
Филип Дуфур
Слаби и несреќни создале религија на надежта во иднината.
Карло Бини
Надежта е еден од лековите што не лечи, туку само го продолжува патењето.
Франц Карл Ашард
Највисок облик на надеж, тоа е совладан очај.
Жорж Бернанос
Последно што човек губи е надежта.
Пјетро Метастасио
Надежта е богатство на оние кои ништо немаат.
Џорџ Сантајана
Кога надежта умира, почнува клетва.
Леонардо да Винчи
Сите луѓе се подложни на надевање и стравување, најчесто не знаејќи на што се надеваат ни од што се плашат.
Мигел де Сервантес
Се надеваме на она што го сакаме, но го поднесуваме она што ќе се случи.
Цицерон
Кој не очекува ништо, никогаш нема да биде разочаран.
Ерих Марија Ремарк
Надежта е сама по себе среќа и, можеби, главна среќа на овој свет.
Семјуел Џонсон
Часовите што ги минуваме во среќни изгледи се поубави од оние заситени со плодови.
Џејмс Голдсмит
Надевањата на обраованите луѓе повеќе вредат одошто богатствата на незнајковците
Демокрит