ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

231. Светови

Во животи знајни
светови незнајни.

 

232. Се разгоруваат

Се разгоруваат
огнови и страсти.

 

233. На земја и под земја

На земја живот плоден,
под земја длабок корен.

 

234. Над облаци

Конечно сум над облаци,
на врв на моја планина.

 

235. Исконски народ

Од дамнина до сегашнина
еден народ се бори до смрт.

Leave the first comment