Близнаците бараат нешто посебно. Посебна „комплексна“ стратегија? Може и таа, „составена“ од следните 8 стратегии:
1. Организирајте си самопомош!
2. Одморајте се!
3. Организирајте го вашиот дом!
4. Направете распоред!
5. Помогнете си еден на друг!
6. Бидете малку сами и поминувајте го времето заедно!
7. Подвлечете граница
8. Насмевнувајте се !
1. Организирајте си самопомош!
На повеќето семејства со близнаци им е неопходна помош во првата година. Неа може да ви ја дадат луѓе на кои им верувате и оние кои одамна ги познавате, како што се:
-роднини, постари деца, родители, сестри, браќа;
-пријатели;
-деца на соседи стари над 10-12 години живот;
-тинејџери;
-студенти;
-куќни помошнички.
Можеби сте во можност да се одлучите и да повикате некој беби-сервис. Запомнете дека тоа не мора секогаш да чини многу пари. Повикајте ја вашата општина и распрашајте се за слободни невработени беби-ситерки или на слична организација во вашата општина.
2. Одморајте се!
Првиот месец дома со вашите бебиња може да ви изгледа мошне долг, оти ќе бидете ненаспиени поради обемот на работата околу организацијата на вашите бебиња. Одморајте се кога тоа ќе можете! Спијте секогаш кога некој е тука да ви ги причува бебињата. Веројатно и вашата куќа нема исто да изгледа како пред доаѓањето на вашите бебиња на свет, но запомнете едно: колку повеќе се одморате, поголеми се шансите дека ќе бидете во состојба да се грижите и за себе и за бебињата.
3. Организирајте го вашиот дом!
Пред да тргнете на породување (значи, важи за идните мајки), суредете го вашиот дом за пречек на бебињата:
-издвојте некое орманче во кое ќе се наоѓаат работите од вашите бебиња. Можеби ќе посакате да имате издвоен некој простор во кој ќе ги пресоблекувате вашите бебиња, затоа осигурајте го тоа навреме;
-обезбедете и подгответе место каде што вашите бебиња ќе престојуваат; креветчиња во собата и слично;
-подгответе го домот и се околу него за да имате повеќе време за се друго.
4. Направете распоред!
Поедноставно ќе им биде на луѓето околу вас да ви помогнат доколку имате веќе некој разработен план или распоред кој би можеле да им го покажете. Направете листа на работи што вообичачено ги правите, секој ден во одредено време. Тоа го вклучува и времето кога бебињата спијат или се хранат. Побарајте помош од пријателот или од некој друг, кој би ви помогнал во на пример:
-помош околу капењето на едно од бебињата;
-помош при хранење;
-суредување на кујната или на нешто друго;
-пеглање на алишта;
-подготвување на некој од оброците наместо вас (ручек, вечера…);
-одењето во продавница, на пазариште;
-помош во одењето во прошетка со бебињата;
-грижа за бебињата додека вие одморате; доколку видите дека од сето тоа во еден ден нема ништо, замижете на се околу вас, земете ги вашите бебиња и излезете со нив во прошетка; свежиот воздух на секој ќе му помогне да се чувствува подобро.
5. Помогнете си еден на друг!
Доколку сте му партнер на вашиот партнер, помагајте си еден на друг секогаш кога е тоа можно. Добивањето на близнаци е мошне тешко за една врска. Разговорите за вашите меѓусебни чувства ќе ви помогнат да ја прифатите оваа тешка задача која подигнувањето на близнаци го носи со себе. Можеби вам ќе ви биде потребно некое време да бидете сами со себе си. Ќе си помогнете еден на друг со разговори на таа тема.
6. Бидете малку сами и поминувајте го времето заедно!
Испланирајте го времето кога двајцата ќе бидете со бебињата заедно и времето кога ќе бидете без присуство на бебињата. Одете во прошетка, во кино, посетете пријатели. Во секој случај, иако сте преморени, обезбедете си го на себе си тој простор и најдете некој кој ќе ви ги чува децата за тие моменти.
Доколку веќе имате некое постаро дете, обезбедете си на себе си време кога ќе бидете насамо со него. Правете го тоа барем еднаш неделно! И на тоа дете ќе му биде потребен простор без присуство на бебињата.
И направете си простор за вас самите! Повикајте некој да ви ги причува вашите бебиња, на час-два…:
-излезете во прошетка;
-длабоко дишете;
-извршете телефонски разговор за кој никогаш немате време;
-појдете во шопинг;
-работете нешто што ви враќа сила.
7. Подвлечете граница
Можете да очекувате дека веста за вашата бременост ќе биде возбудување за целото ваше семејство. Тоа може да биде прекрасно, ако веќе на почетокот бабите, дедовците или некој од роднините ви ја понудат својата помош на која можете да сметате. Меѓутоа, сето тоа може да изгледа поинаку ако од стартот тргнат со совети и критикувања едновремено.
Секоја помош во рамките на семејството е добредојдена ако за неа имате вистинска поддршка. Но поставувањето на граница е важно, кога помошта е потребна и каде што е потребна. Имајте го тоа на ум од самиот почеток, оти е ваше право да го подигате вашето семејство на начин како што вие тоа го сакате. Ако тие прават нешто добро за нив, не значи дека тоа ви го прават и вам.
8. Насмевнувајте се!
Луѓето се восхитени од близнаците! Некои дури имаат и чудни заклучоци на таа тема. Може да ви се случи дека некој ненадејно ве запре на улица и љубопитно ве праша:”…а кое е попаметно?…кое е подобро?”. Веројатно ќе ви се смачи да слушате секогаш исти прашања и да давате одговори. Најдобро е само топло да се насмевнете и да продолжите натаму!