Потребно време за читање: < 1 минута

68. Судбината

-Не верувам во судбината. Нема ништо судбинско во животот,-вели отсечно Госпоѓа Трена; средовечна, накај четириесет години; облечена скромно, во дводелен црвено-жолт костум, со впечатлива свилена црна марама на вратот и црни лакирани чевли со високи потпетици.-Ма каква виша сила што го насочува, го богати или сиромаши животот!…Препуштање на судбината како дефинитивен пораз? Нема врска!…Таа нема врска со нашиот животен пат или некаков важен, пресуден случај. Или од судбината не се бега! Ма нема ништо предодредено во животот. Сè зависи од свеста и самосвеста, од тоа колку е човек сосредоточен на целите што сака да ги постигне. Или само на последната.

Ја потпрашав:

-А што е со предизвикување на судбината?

Таа:

-Ништо не е! Тоа поинаку се нарекува свесно ризикување. Дури и на животот.

Ме изненади:

-Ја признавам само иронијата на судбината!

Ја замолив да докаже:

-Зошто неа?

Таа:

-Зашто е најчесто иронија во вистинска смисла на зборот. Во мојот случај. До ден-денешен не можам да си објаснам зошто ми се случи да сум сама и без род при толку љубови. Со секоја имав некакво очекување, најчесто искреност, добрина и иднина, со некои бев и близу до брак, до семејство, ама…Баш иронија на судбината!

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Госпоѓа Трена првпат ја запознав случајно на еден собир на осамени жени. Се издвојуваше од сите други според природната и за мене загадочна убавина на нејзиното лице. Се среќаваме одвреме-навреме и водиме долги разговори за сè и сешто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here