ВРВИЦА ДО ВРВ, На врвица, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

12. Сончева песна

Од рано изутрина
слушам сончева песна
што во чекор ја следи
мојата жизнена сенка.

Ме предупредува ли
дека мигум
како последен воздив
може да ме напушти,
да ме остави буден
во мојава сè уште
од мене неосвоена,
недопрена природа?

Ја слушам песнава
сончева
и ги препознавам
и ги одгатнувам
зборовите
што ми докажуваат
дека мојава природа
е сè уште од мене
неосвоена:

„Ќе излезеш, човеку,
од пајаковава мрежа,
во која си исправен
среде круг,
кога како птица
ќе расфрлаш
или како ветар
ќе разнесеш
твое плодно семе
во земјава каменита
што ќе пушти
длабоки корења“.

Leave the first comment