13. Тоа
Тоа е и не може
да биде друго;
зашто веќе нема време
за што било поинакво.
Може да е тоа
тоа само од мене
само за мене,
без друго за други
од други.
Ова е тоа:
не треба друго,
па толку е од мене
доволно;
сеедно ако не е.
Нешто ми вели
дека тоа е
само моментно,
како веќе да не е
во барем уште еден
нов ден за мене
се разбира од мене.