ВО НИЕДНО ДОБА, Бдение, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

14. Пополноќен молк

Во ова мое бдение
пополноќниов молк
е најтежок и најдлабок.

Трае ли најдолго
зашто е суштествен
за пречек на зракот
на нов ден,
зашто ми е посамотен
од сите пред него
и секако понеизвесен?

Дали дека сал него
го споделувам
со тишината
која ме обградува,
која ме обзема?

Се обидов да одгатнам
колку е баш во ова
бдение
навестен таков
пред да биде.

И одгатнав:
Пополноќниов молк
е мигум ослободен
од тишината
која ме обградува,
која ме обзема
откога се простив
од времето без живот
за мене плодороден,
за мене плодоносен.

Leave the first comment