8. Безгласно
Редам зборови
и секакви знаци
помеѓу нив
безгласно.
Едни па едни,
едни за едни.
Игра која сама,
која без мене
никогаш
не може да биде
игра.
А била, а е
песна за будење
нечие,
за достој на нозе,
исправен,
со крената глава.
Или за љубов
никогаш допеана.
Редам зборови
и секакви знаци
помеѓу нив
безгласно,
што треба
да се слушаат
во тишина нȇма,
безмерна.