2. Во миг как
Како?
Како вака,
како така,
како некако,
како секако.
Како?
Како некогаш,
како сега,
како секогаш,
како никогаш.
Како?
Како јас,
како ние,
како никој,
како секој.
Како?
Како било,
како не било,
како ќе биде,
како што е.
Како?
Како бидува,
како бидуваш,
како бидувам.
Како?
Како сакаш,
како не сакам,
како сакаме.
Веќе
нема како!