СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

35. Пријатели

Се сретнаа пријатели
на камен мост над река
уморни од надминати
големи и мали
премрежија.

Сѐ уште во
нивно време стамени.

Се загледаа во реката
ту матна, ту бистра,
ту мирна, ту брановита,
па им се виде
скоро пресушена.

Брзо се договорија
да се искачат
на нивната планина
макар со последни сили
и да ѝ ги заживеат
нејзините извори.

Потоа ќе се вратат
на камениот мост
за уште еднаш
пред разделување
да се видат заедно
живи.

Leave the first comment