СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

13. Повторливо

На сѐ повторливо сум
најнапред рамнодушен,
а по некое време
се замислувам како
да сум и јас повторлив
оти јас го повторувам.

Или на сѐ во мене
што е повторливо
за разлика од во други
му врежувам некој знак,
може слово,
со кој, со кое го бележам
како дел од време
засекогаш неповратно;
со верување дека
е просто невозможно
да му се преосмисли
постоењето.

Помеѓу нас бесшумно
минат секакви ѕверки,
влекачи, птици, инсекти
веќе премалени,
гладни и жедни
од скитања низ пустелии
бескрајни,
надевајќи се дека
макар пред сама смрт
ќе стасаат заедно со нас
до некое незнајно место
за почин и нова игра
животворна.

По не знам кој пат,
повторливо,
помеѓу лето и зима.

Како што сум на сѐ
повторливо
најнапред рамнодушен,
а по некое време
јас повторлив
оти го повторувам,
така заедно и тие и ние
најнакрај стасуваме
на крстопат од зраци
сончеви, месечеви
сосе ѕвездени,
во непознат предел
стварен ем заумен,
единствен

Прочитај и за ... >>  СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

во кој макар еднаш
само мигум сме биле.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.