Потребно време за читање: 2 минути

Доживување VIII

Настани и доживувања, настани наспроти доживувања, настани наспоредни со доживувањата. А преживувањата?

Овие релации како прашање просто му се наметнаа на Корен Стаменоски. Од каде? Зошто? Каква врска имаат тие со неговото заодување, доодување или секидневноста во неговиот живот? А никогаш не ни помислувал дека тој може да зависи од нив, ниту тие од него. Зависност?

Најпрвин не му беше тешко да ги разграничи: настаните се случуваат независно од него, што значи не го засегаат; доживувањата обично не се поврзани со настаните, што значи може да се само емотивна реакција на што било, расположба, чувство, внатрешен немир; преживувањата, пак, всушност се совладани траги и последици на настани во кои тој учествувал посредно или непосредно; може и кој самиот ги предизвикал. На пример сообраќајната несреќа во која загинаа неизмерно љубената Роса, нивната ќерка Смирна и нивниот син Трајан. А тој остана жив…

Штотуку почнаа да му се наметнуваат, да го преокупираат суштините на настаните, доживувањата и преживувањата.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Корен Стаменоски со прекар Име одвај успеа да ја поврати внатрешната рамнотежа, смиреноста по ненадејното мошне непријатно доживување: новата власт, избрана сосила и со фалсификување на изборните резултати, донесе одлука неговото најголемо дело со кое се гордееше-централниот плоштад на Костец, просторот кој благодарение на него искажуваше живот во минатото и денес, со белези, стилови и траги на времиња кои траат наспоредно и едновремено меѓусебно ги надополнуваат своите содржини-да ги урне камените, мраморните, железните и бронзените споменици, спомен-обележјата, скулптурите, отворените изложбени простори и салони, како и културно-историските зданија, а да ги остави забавните одморалиштата, шеталиштата, кафулињата, кафетериите, клубовите, трговските центрите, фонтаните и дрворедите. Згора на тоа, власта почна со притисоци за негово отстранување од архитектонското студио „Просторно проектирање“!

Успеа да се соземе некако и реши да се спротивстави со сите сили и знаење. Јавно, протестирајќи, држејќи жестоки говори, мобилизирајќи ги своите приврзаници и поддржувачи-пријателите, мислечките и творечките луѓе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here