Потребно време за читање: < 1 минута

29. Гаснења

Прво долго гаснеше
огон
во запустено огниште
под ведро небо.

После пред залез
во мене гаснеше
зрак сончев
сосе песна на птица
над седело без пилци.

Најпосле мигум
угасна свеќа
на жалост
оставена во последна
самотна издивка.

Еден жив корен
и едно семе игралито
во пустошна земја
штотуку почнаа
заедно, едновремено
да гаснат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here