Од историјата на ракометот

Потребно време за читање: 3 минути

Важни моменти од историјата на светските ракометни првенства.

Првото ракометно првенство

Првото се одржа во далечната 1938. година во Германија. Учествуваа само 4 селекции, а титулата првак ја освои домаќинот. Се играше сосема различен ракомет од денешниот, тн. голем ракомет. Секој играше со секого, а Германците забележаа 3 победи. Втора беше Австрија, а бронзениот медал го освои Шведска. Последна-четврта беше селекцијата на Данска. За разликата помеѓу тогашниот и сегашниот ракомет: најголем резултар беше 11:3, а најмал 2:1.

До следното првенство минаа цели 16 години. Домаќини во 1954. година беа Швеѓаните, а како и на првото, титулата му припадна на домаќинот. Бројот на тимови се зголеми од 4 на 6, а се играше во две групи со по 3. Првите во групите играа финале. Најдобри и најубедливи се покажаа Германија и Шведска, а во мошне интересниот финален натпревар славеа домаќините со 17:14. Бронзата и припадна на Чехословачка, која во средбата за 3- тото место беше подобра од Швајцарија и победи со 24:11. Учествуваа уште Данска и Франција. Тоа беше последно првенство на тн. голем ракомет.

3-то Светство првенсво во 1958

Германија повторно беше домаќин на најдобрите репрезентации на светот, на 3-тото СП во 1958., но за нејзина жалост не се продолжи традицијата домаќините да ја освојуваат титулата. До второто последователно злато стасаа Швеѓаните. Ова првенство може да се смета за прво вистинско, зашто за првпат е играно во сала, а учествуваа 16 селекции кои беа поделени во 4 групи. Првите две од секоја група формираа нови 2 со по 4 екипи. Полуфинале не постоеше, па Чехословачка и Шведска како први директно влегоа во финалето. Бранителите на титулата не допуштија никакво изненадување и победија мошне убедливо-22:12. Домаќините мораа да се задоволат со бронза, со победа против Данска во средбата за 3-тото место, а помеѓу 8-те се пласираа уште Полска, Норвешка, Унгарија и Југославија.

Интересно е дека на 5 светски првенства во ракомет имаше 5 различни прваци

По 4 злата и една бронза Романците својот крај го доживеаја на Светското првенство во 1978- ма година во Данска. Златото го освои Западна Германија, а Источна мораше да се задоволи со бронза. Помеѓу нив до второто место дојде СССР. Домаќините го освоија 4-тото.

4 години подоцна Западна Германија беше домаќин на најдобрите репрезентации на светот, во надеж дека можат да го повторат успехот од Данска. Сепак, СССР го освои златото со извонредни игри во сите натпревари на турнирот. Во финалето по двете продолженија ја победија Југославија со 30:27. Третото место го освои Полска, а четврти беа Данците.

СП 1986. се одржа во Швајцарија

Овојпат златото го освои Југославија, која во финалето ја совлада Унгарија со 24:22. До бронзата стасаа Источните Германци.

Во 1990. домаќин беше Чехословачка. Оваа селекција во финалето беше подобра од СССР, победија со 27:23. Бронзениот медал го освои Романија, а светскиот првак Југославија се пласира на 4-тото место.

Од 1993 година светските првенства се организираат на секои две години. Претходно се играа секоја трета или секоја четврта . Во таа година првенството го организираа Швеѓаните и сите очекуваа дека тие ќе го освојат првото место. Сепак, последниот натпревар во вториот круг домаќините не можеа долго да го заборават. Русите го одиграа најдобриот натпревар на тоа првенство и ги совладаа со 30:20. Во борбата за 3-тото место Шведска убедливо ја совлада Швајцарија-26:19. Во финалето Русија уште еднаш покажа дека е најдобра и ја победи Франција со 28:19.

Денешниот систем, со 24 репрезентации, се игра од првенството во Исланд во 1995 година.

Неколку занимливости за ракометот

– Иако ракометот е спорт најпопуларен во Европа, дури 12 држави од нашиот континент никогаш не учествуваа на светските првенства: Албанија, Андора, Белгија, Естонија, Ирска, Латвија, Лихтенштајн, Малта, Молдавија, Монако, Сан Марино и Велика Британија;

-Најдолга низа на освоени медали има Шведска, која од 1990. до 2001. година освои две злата (1990 и 1999 г), две сребра (1997 и 2001г.) и две бронзи (1993 и 1995 г.).

-Шведска, Романија и Франција се единствени земји што успеале да ги одбранат златата освоени на претходните светски првенства;

Најчест домаќин на светските првенства е Германија, која досега седумпати ја имала таа улога.

Leave the first comment