Потребно време за читање: < 1 минута

2. Двајца заедно во години

Мара и Најден се заедно уште од рана младост. Тој е една година постар од неа. Се видоа случајно, на разминување, ги запознаа пријатели на нивните семејства. Се засакаа, па по неколку месеци меѓусебно запознавање и дружење заживеаја како маж и жена.

Стокмија свое живеалиште-камена куќа сретсело, со неколку одаи, и по години станаа меѓу поимашните-со неколку ниви, пасиште и декар букова шума.

Изродија машка и женска челад, две машки и три женски. Ги испомажија и испоженија, по куса живеачка заедно. Потоа се раселија низ светот, и тоа на само два месеца пред двајцата да снеможат речиси преку ноќ. Особено Најден, кому му откажаа нозете по прележана тешка и незнајна болештина.

Тој со нејзина поткрепа одвај успева да направи неколку чекори, од прагот на куќата до стариот бор пред неа. Во неговата сенка спокојно и молчаливо секој ден минува по неколку часа од претпладне и попладне.

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, мијатурни раскази/ескизи

Од ден на ден Мара сѐ почесто му повторува загрижено, некогаш жаловито, а некогаш како да го прекорува:

-Што ли ќе правиш, Најдене, ако јас умрам пред тебе? Кој ќе те гледа, кој ќе се грижи за твоето здравје, чистотата? Кој ќе ти ја мие снагата, кој ќе те пере? Кој ќе те крепи? За ништо не те бидува! А челадта ни одлета далеку, сите до кај стасале и заживеале. Никој не остана со нас.

Најден секогаш возвраќа по малку помирливо, рамнодушно, а некогаш со изразита лутина во гласот:

-Не грижи се ти за мене. Секако јас ќе умрам пред тебе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here