СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

106. Мрачен час

Мине време на несон
во кое сите божества
на светот
ги собрав во мојата
самосвест
за да им докажам дека,
ако ме остават
сам да продолжам
низ огнови, низ молњи,
низ бури
и секакви премрежија
до љубов непорочна,
ќе исчезнам во неврат
без трага,
без никаков знак.

Мине време на несон
оти конечно
го открив запишан
на карпа
во длабока пештера
одговорот на прашањето
кога човек излегува
на виделина
за да собере плодови
што ќе го извишуваат
меѓу два воздива.

Ве собрав сите вас,
божества на светот
во мојата самосвест,
во длабокава пештера
за да слушнете од мене,
за да разберете
и да научите
дека само сплотени
можеме да ја поместиме
или да ја раздробиме
карпава
зад која има непресушен
извор на бистра вода
која памети сѐ
што им се случило
низ животот до смртта
на нашите семиња
во соништа плодородни.

Leave the first comment