СОВРЕМЕ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

6. Еден говор

Што ми говори песов пред врата?
Дека ме варди од секакви сеништа.

Што ми говори птицава под стреа?
Дека ќе лета со мене ако полетам.

Што ми говори коренов над земја?
Дека ќе излезе на виделина со мене.

Што ми говори сенкава зад дрво?
Дека ќе ми продолжи секој починок
од моиве години.

Како слушам и разбирам?
Дека еднодушно докажуваат
секоја трага на јуначен живот.

Leave the first comment